СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Донесена одлука: Целокупната опрема на Huawei да биде отстранета до 2027 година

Британската влада им забрани на британските телеоператори да купуваат антени и целокупна опрема за мрежата 5G произведени од Huawei, пренесува Би-би-си.

Одлуката важи од 31 јануари натаму, а покрај тоа, телеоператорите мора да ја отстранат целата опрема на таа кинеска компанија од нивните мрежи до 2027 година.

Секретарот за дигитални прашања Оливер Дауден ја објави одлуката денес во британскиот парламент, пренесува „Индекс“.

Минатата година САД воведоа санкции кон Huawei, тврдејќи дека компанијата претставува национална закана, што Huawei негираше.

„Оваа одлука не беше лесна, но е исправна“

Дауден рече дека одлуката ќе го уназади воведувањето на мрежата 5G за една година.

„Оваа одлука не беше лесна, но е исправна за нашите мрежи и за националната безбедност и економијата, сега, но исто така и на долг рок“, рече тој.

Владата на тој начин сака да се дистанцира од Huawei како производител на опрема за 5G мрежи во таа земја. Сепак, владата верува дека 5G ќе се воведе за две години.

Дауден исто така објасни дека крајниот рок за отстранување е поставен до 2027 година затоа што земјата не сака да се потпира само на Nokia како единствен производител на опрема.

Поврзани вести

PlayGalaxy Link достапна за повеќе модели на Samsung

msp-admin

Проблем во работата со некои сервиси на Google

msp-admin

Лоши навики кои ги уништуваат нашите компјутери

msp-admin