СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Facebook тестира карактеристика за препознавање на лицето за корисниците, при најавување во социјалната мрежа

Биометриските технологии се составен дел на паметните телефони и ни овозможуваат да го провериме нашиот идентитет побрзо, полесно и побезбедно. Потрошувачите главно користат сензори за отпечатоци, но технологиите за препознавање на лицето стануваат популарни. Facebook исто така е заинтересиран за вакви иновации и започна со тестирање со нова функција. Компанијата сака да создаде систем за најава во социјалната мрежа, кој користи софтвер за скенирање на лицата на корисниците.

Facebook експериментира со концептот секој од нас да прави селфи видео кое изгледа во различни насоки. На овој начин, алгоритмите за препознавање на лицето на Facebook ќе можат да направат подобра 3Д копија на уникатните карактеристики на лицето на секој корисник. Информациите ќе бидат зачувани на серверите на компанијата и нема да бидат споделувани со нивните партнери за рекламирање и апликации на трети страни. Податоците генерирани од системот треба да бидат бришени на секои 30 дена, пренесува Engadget.

Практикувањето на овој систем може да стане замена за тековниот систем со корисничко име и адреса на е-пошта. За функцијата, исто така, најверојатно ќе биде потребен паметен телефон кој поддржува препознавање на лице за да може да ја отвори вашата сметка. Големото прашање во врска со оваа иновација е како компанијата ќе ги чува личните податоци на потрошувачите. Facebook ќе продолжи да спроведува тестови за да ја максимизира технологијата на крајниот корисник.

Поврзани вести

Samsung подготвува Galaxy Book Pro и Book Pro 360

Влатко Зорба

Новата мобилна апликација на Microsoft Office комбинира Word, Excel и PowerPoint

msp-admin

Откриен нов Андроид малвер со бројни карактеристики за шпионирање

Влатко Зорба