СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Јутјуб и Фејсбук воведуваат ново правило – поради вакцините

Јутјуб објави дека ја проширува својата политика за дезинформации за да ги отстрани лажните тврдења за потенцијалната вакцинација против Ковид 19.

Тврдењата кои се во спротивност со локалните здравствени авторитети, како што е NHS во Велика Британија или Светската здравствена организација, ќе бидат отстранети. Тоа ги вклучува тврдењата дека вакцината ќе убие луѓе или ќе предизвика неплодност, како и теории на заговор дека микрочипови ќе бидат вградени кај луѓето кои ќе примат вакцина.

Двете теории на заговор беа пропагирани неодамна. Според анкетите, половина од гледачите на „Фокс њуз“ сметаат дека Бил Гејтс сака да ја користи вакцината за коронавирус за да имплантира микрочипови кај Американците за глобален надзор.

Во Лондон, демонстрантите против „заклучувањето“ и вакцинацијата се собраа на плоштадот Трафалгар, тврдејќи дека коронавирусот е измама и дека владините мерки треба да бидат запрени.

Поврзани вести

Повторно проблеми со услугите на Google

msp-admin

Microsoft планира нов дизајн на апликациите во Windows 10

Влатко Зорба

Google го претстави Android 11 Developer Preview порано од очекуваното

msp-admin