Технологија

Како да избегнете „seen“ на Facebook? Овој малку познат трик ја крие таа опција во Messenger

Многумина кои користеле Messenger се нашле во ситуации кога биле под притисок веднаш да одговорат на пораките затоа што знаат дека Facebook им испраќа на корисниците известување за тоа дали е прочитана порака или не. Она што малкумина знаат е дека ова може да се избегне.

Имено, веб-прелистувачот Google Chrome има малку познат додаток кој им овозможува на корисниците на Messenger да го скријат „seen“ (видено) известувањето во своите пораки.

Додатокот, кој функционира само ако го користите Chrome како веб прелистувач, е бесплатен за инсталирање и може да се вклучи и исклучи по ваш избор, така што моќта на „видливоста“ е во ваши раце, пишува „Дејли Мејл“.

Погодно наречен „Unseen for Facebook“, овој систем е оценет 4,5 sвезди од над 4.000 прегледи.

– Ме вознемирува многу кога ќе ми пишат пријателите веднаш штом се појавам на Интернет или кога сум во средина на разговор со некој друг. Благодарение на овој додаток, можам да бидам скриен на интернет и да ја задржам својата комуникација невидлива – напиша еден од задоволните корисници.

Покрај тоа, постои уште една карактеристика што ја нуди овој додаток, кој гарантира дека луѓето не можат да знаат дали сте на Интернет и кога сте биле последен пат активни.

– Според мое мислење, најдобриот додаток. Животот има доволно драма и без „пријатели“ кои се навредуваат затоа што мислат дека ги игнорирате – се вели во една од оценките на задоволните корисници.

Постојат неколку други додатоци кои нудат приватност на сличен начин како „Unseen for Facebook“, кои исто така се фокусираат на блокирање на потврди за испорака, така што луѓето не гледаат дали воопшто сте ја добиле нивната порака.

Постои дури и една наречена „Delete All Messages for Facebook“ што брзо ќе ги отстрани сите пораки што некогаш сте ги испратиле или што се наоѓаат во вашето сандаче.

Поврзани вести

Камерата на Huawei Mate 30 Pro 5G е на врвот на листата на DXOMARK

Влатко Зорба

Битка за PlayStation 4: Стотици луѓе против полицијата за конзолата за игри од 95 евра

Stefanija Kuzmanovska

Instagram сака да привлече незадоволни креатори на содржини од YouTube

Влатко Зорба

Како да откриете дали некој ве „замолкнал“ на Инстаграм?

Влатко Зорба

Xperia 3 очигледно ќе биде ѕвер

Влатко Зорба

Фејсбук лансира гејмерска апликација

Stefanija Kuzmanovska