СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Маск продолжува со ширење на Интернетот на Земјата: SpaceX испрати уште 58 Starlink сателити во орбитата

Нови 58 Starlink сателити полетаа во орбитата со вселенското летало Falcon 9, лансирано од вселенскиот комплекс SLC-40 на Флорида.

Ова е 11-та мисија за распоредување сателити над оние региони на Земјата кои треба да обезбедат Интернет-сигнал.

Новите сателити ќе се приклучат на групата од скоро 600 сателити, кои се веќе во орбитата. Покрај овие, Falcon 9 носи и три сателити на SkySats.

Вселенскиот центар Кејп Канаверал во Флорида со тоа означи уште едно успешно лансирање на мисијата Starlink, пренесува SpaceX.com.

По фазата во која сателитите ќе се одвојат од Falcon 9, леталото ќе се врати на земјата, на локацијата лоцирана во Атлантскиот океан, јавија американските медиуми.

Со оваа 11-та мисија за распоредување сателити во орбитата, првата фаза од целата мисија Starlink е успешно завршена.

Поврзани вести

Паметните часовници на Huawei ќе работат со апликации од трети страни

Влатко Зорба

Твитер размислува да додаде реакции на објавите во форма на емоџи

Влатко Зорба

Мистериозна AI технологија се очекува на CES 2020

msp-admin