СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

„Microsoft“ го претстави „Surface Duo“ (ВИДЕО)

„Microsoft“ денес објави дека нејзиниот смартфон со два екрани „Surface Duo“, кој работи на оперативниот систем „Android“ на „Alphabet“, ќе биде достапен во продавниците од 10 септември.

„Surface Duo“ се затвора како книга. За разлика од „Samsung Galaxy Z Fold 2“, кој има единечен екран изработен од специјално флексибилно стакло, „Duo“ има два традиционални екрани одвоени со шарка, но синхронизирани за да работат заедно, пренесува „Ројтерс“.

На брифингот за медиуми пред најавата за уредот, менаџментот го претстави овој телефон како алатка за попродуктивна работа со употреба на нивните апликации, бидејќи многу вработени ја користат опцијата за двојни монитори на нивните персонални компјутери.

На пример, во апликација за разговор во тим, видео разговорот зазема еден екран, додека другиот екран го прикажува разговорот во писмена форма.

Поставувањето со двојни екрани исто така им овозможува на корисниците да ги спарат апликациите што не се направени од „Microsoft“, како што се паралелно пуштање социјални мрежи „Twitter“ и „Instagram“.

„Surface Duo“ нема 5G поврзаност. Уредот првично ќе биде достапен само во САД, а компанијата не даде временска рамка кога би можел да достигне други пазари.

Цената на овој уред ќе биде 1.399 долари.

Поврзани вести

„Анти-кинеска политичка кампања“: Тик Ток го тужи Трамп поради забраната на апликацијата

msp-admin

Бразил го казни Apple со 2 милиони долари за продажба на iPhone без полнач

Влатко Зорба

Најмалку 10 хакерски групи ги знаеле недостатоците на Microsoft

Влатко Зорба