СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Младите во Хрватска имаат најдобри дигитални вештини во Европската унија

Во последните неколку месеци, многу млади луѓе на возраст меѓу 16 и 24 години мораа да посетуваат настава преку Интернет заради мерките поврзани со пандемијата на коронавирус.

Со оглед на околностите, се поставува прашањето дали младите имаат неопходни дигитални вештини?

Во 2019 година, забележано е дека 4 од 5 млади луѓе (80 проценти) на возраст од 16 до 24 години во Европската унија совладале дигитални вештини на основно или напредно ниво.

Добри резултати и кај лицата на возраст меѓу 25 и 29 години

Важно е да се истакне дека меѓу земјите членки на Европската унија, Хрватска има најголем удел на лица од 16 до 24 години со развиени дигитални вештини – дури 97 проценти. Зад Хрватска се Естонија, Литванија и Холандија (93%) и Грција (92%).

Најслабиот развој во контекст на дигиталните вештини е забележан во Романија (56%), Бугарија (58%), Италија (65%), Унгарија (68%) и Латвија и Луксембург (75%).

Исто така, на возраст меѓу 25 и 29 години, Хрватска е на третото место со 92 проценти од луѓето со дигитални вештини, зад Исланд и Финска, а во возрасната група од 35 до 44 години е на дното на табелата, 64 проценти од луѓето со дигитални вештини, пренесе „Индекс“.

Поврзани вести

Веќе ќе можеме да испраќаме пораки во Gmail како атачменти

msp-admin

НАСА го објави планот за праќање човечки екипаж на Месечината, ќе чини 28 милијарди долари

msp-admin

Huawei покренува нова кампања „Вистнски приказни“

msp-admin