СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Можеме да го видиме Huawei P40 Lite порано од очекуваното

Остануваат неколку месеци до премиерата на новата серија Huawei P40. Неодамна, ги видовме и првите податоци поврзани со очекуваниот телефон од висока класа P40, а сега се достапни и информации за основната единица во серијата P40 Lite. Благодарение на ликерот @RODENT950, дознаваме дека овој модел може да биде меѓународен аналог на Huawei Nova 6 SE и да се појави пред другите уреди.

Нова 6 SE нуди чипсет Kirin 810, 8 GB RAM меморија, 128 GB складирање на датотеки и батерија од 4200 mAh со 40W технологија за брзо полнење. Главната камера е четирикратна и се состои од сензор од 48MP, леќи со ултраширок агол од 8MP, 2MP за макро снимки и 2MP за боке ефекти.

Екранот вклучува 6,4-инчен LCD панел, резолуција Full HD + и отвор, во кој се сместува селфи камера од 16 MP. Другите опции вклучуваат скенер за отпечатоци на копчето за вклучување, USB-Type-C порт, 3,5 милиметарски приклучок за слушалки и Android 10 со EMUI 10, но без услугите и апликациите на Google.

Поврзани вести

Google ја укинува употребата на „колачиња“ и воведува FLoC: Еве што значи тоа

Влатко Зорба

Harman L.I.V.E. ги носи концертите во автомобилот

Влатко Зорба

NVIDIA ја претстави GeForce Now

msp-admin