СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Наградена првата македонска мобилна апликација за намалување на загадениот воздух

Авторите на првата македонска мобилна апликација, „Challenger“ чија цел е намалување на загадениот воздух во Скопје, победија на регионалниот натпревар за зелени бизнис АРНО, во конкуренција на млади од Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Србија и Црна Гора.

Целта на оваа апликација, како што велат победниците, е да создаде регионално влијание преку наградување на луѓето кои што пешачат или се движат со нивниот велосипед по локалните улици. Секој поминат километар пешки или на велосипед – се брои, на принципот колку повеќе километри, толку повеќе „Challenger“ поени кои носат попусти и награди.

„Challenger“ апликацијата ќе биде лансирана до крајот на годината, а до тогаш креаторите на апликацијата, Теодора, Олга, Стефан и Митко, упатуваат апел до сите компании директно да се вклучат со цел „сите заедно да ги создаваат промените“

Поврзани вести

Honor може да претстави телефон со флексибилен екран

Влатко Зорба

Мистериозниот гејминг смартфон на Lenovo ќе го „сруши“ AnTuTu

msp-admin

Oppo ги потврди основните параметри на Reno Ace

msp-admin