СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Паметните телефони можат да предизвикаат деменција

Честата употреба на компјутери и паметни телефони предизвикува замор на мозокот, што доведува до развој на депресија и деменција кај луѓето, се вели во студијата на јапонските научници, цитирана од списанието Nikkei Style.

Во последните неколку години, се зголеми бројот на лица со дијагностицирани нарушувања на меморијата. Овој проблем е најчест кај луѓе на возраст меѓу 30 и 60 години. Лекарите го објаснуваат трендот со фактот дека луѓето почнаа активно да користат паметни телефони и компјутери.

Електронските уреди имаат негативен ефект врз мозокот, преоптоварувајќи го со премногу информации. Сивата материја едноставно не се справува со обработката на огромни количини на податоци и станува „депонија“.

Префронталниот кортекс во фронталниот лобус е одговорен за ширење на информации во мозокот. Тој е, исто така, одговорен за размислување, донесување одлуки, контролирање на меморијата и емоциите, објаснува професорката Васеда Јошикуни Едагава.

Кога има многу информации за обработка, функциите на префронталниот кортекс може да бидат нарушени. Според тоа, се зголемува бројот на грешки, се намалува интелектуалниот капацитет, се појавува фрустрација и гнев, мотивацијата и интересот исчезнуваат.

Научниците веруваат дека луѓето треба да ја ограничат употребата на паметниот телефон кога користат компјутер или гледаат телевизија. Тие, исто така, треба да спијат повеќе, затоа што за време на спиењето мозокот почива и се регенерира. Покрај тоа, не се препорачува да користите телефон додека јадете.

Поврзани вести

Се појави нова социјална мрежа од ко-основачот на Википедија

msp-admin

Linux проект се позиционира како Windows 12 Lite

msp-admin

Facebook Messenger овозможува да разговарате со пријателите во виртуелна реалност

Влатко Зорба