СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Samsung PlayGalaxy Link ви дозволува да пренесувате игри од компјутер на Galaxy смартфоните

Samsung привлече голем интерес кај корисниците со атрактивната опција PlayGalaxy Link. Компанијата за прв пат ги покажа неговите способности на настанот за лансирање на Galaxy Note 10. Всушност, ова е атрактивна опција која ви овозможува да пренесувате игри од компјутер директно до вашиот Galaxy смартфон. Сопствениците на Samsung Galaxy S10 сега можат да ја искористат оваа несомнено привлечна функционалност.

PlayGalaxy Link е производ развиен заеднички од Samsung и специјалисти на компанијата Parsec. Корисниците треба да ја поврзат PlayGalaxy Link со нивната сметка на Samsung во исто време на нивниот компјутер и паметен телефон. Потоа, тие ќе видат список на сите достапни игри, објавија xda-developers. Исто така, неопходно е да ја преземете мобилната апликација PlayGalaxy Link од која можете да изберете и да започнете игри од вашиот паметен телефон.

Насловите можат да бидат лансирани на 4G, 5G и Wi-Fi. Samsung вети дека ќе обезбеди ажурирање за сите модели на Galaxy S10 во даден момент. Следниот месец, PlayGalaxy Link ќе биде достапен за Samsung Galaxy Fold, Galaxy Note 9 и Galaxy A90. Интеграција на повеќе уреди ќе се случи во 2020 година. За максимална погодност, PlayGalaxy Link е компатибилен со најпопуларните контролори за игри со Bluetooth на пазарот.

Поврзани вести

„Твитер“ им овозможи на научниците пристап во нивната мрежа за истражување на коронавирус

msp-admin

Хакер објави лозинки од 515,000 сервери, рутери и уреди со Интернет на нештата

msp-admin

Роботите на „Boston Dynamics“ со танц ја испратија 2020-та (ВИДЕО)

Влатко Зорба