СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Шведска ја доби својата прва јавна 5G мрежа: Граѓаните на Стокхолм „сурфаат“ на четирипати побрза мрежа отколку сегашната 4G

Шведска не е единствената што тргна на патот на „модернизација на земјата“. И во Словенија најавиле инсталација на 5G мрежата.

Групата „Теле2“ објавила дека Шведска ја добила првата јавна мобилна мрежа од новата генерација 5G. Во последната минута ги престигна конкурентните компании „Телија“ и „Ериксон“, пренесуваат медиумите.

Потрошувачите во Стокхолм можат да пребаруваат на Интернет со брзина од 5G од недела, додека оние во Гетеборг и Малме ќе треба да чекаат до 24 јуни.

После тоа, „Теле2“ постепено ќе ја проширува мрежата во остатокот од земјата.

„Телеком Словенија“ исто така најавиле дека планираат да воспостават тест мрежа со 5G технологија во пристанишниот град Копер, со цел да ги истражат можностите за развој и да тестираат разни решенија за логистика.

Планирано е 5G инфраструктурата да понуди не само комуникациски услуги, туку и други, како што се логистика, сообраќај, здравство, енергија, производствени погони, паметни градови и заедници, пренесува Танјуг.

Пристаништето Копер ќе ја искористи најновата генерација на безжична технологија за тестирање на безбедносни решенија, како и за оптимизација на процесите и заштита на животната средина.

Бидејќи новата технологија овозможува побрзо пренесување на големи количини на податоци, таа треба да помогне во подобрувањето на безбедносната контрола, но и да ја олесни контролата на потрошувачката на електрична енергија.

Компанијата додава дека слични решенија ќе бидат тестирани во Хамбург, Германија и Пиреја, Грција.

Проектот за инсталирање на 5G технологија е финансиран од проектот на ЕУ „Хоризонт 2020“ и неговата вредност е осум милиони евра.

Треба да биде готова во 2023 година, а се наведува дека Словенија и градот Копер учествуваат во други европски технолошки 5G проекти.

Поврзани вести

Google со сериозен напредок при квантните компјутери (ВИДЕО)

msp-admin

Амазон ја забрани употребата на својот софтвер за препознавање лица

msp-admin

Razr 2 ќе има сензори за движење и командни гестови во рамките околу екранот

msp-admin