СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Сони: Официјалната премиера на Playstation 5 кон крајот од годината

Официјалната премиера на конзолата се очекува да се одржи во последните недели од годината. Повеќето аналитичари очекуваат Sony PS5 да биде откриен во ноември и да биде лансиран во сезоната на празници до крајот на 2020 година. Се разбира, светската епидемија на коронавирус може да ги промени плановите на компанијата, што важи и за Xbox Series X.

Компанијата одржа специјална презентација со која се потврдува дека уредот ќе користи изменет AMD процесор. Овој чип ќе користи осум јадра базирани на архитектурата Zen 2, што работи на 3,5GHz. Конзолата ќе има вкупно 36 компјутерски единици со фреквенција од 2.23GHz, што ќе гарантира максимална изведба од 10,28 терафлопи, пренесува CNet. Други карактеристики вклучуваат 16GB GDDR6/256-bit RAM модул, како и SSD погон кој нуди капацитет од 825 GB.

Sony PS5 ќе има и The Tempest Engine хардвер кој ќе гарантира 3Д-аудио квалитет. Новите компоненти во уредот ќе овозможат конзолата да вчита 2 GB информации за 0,27 секунди, наспроти 20 секунди на PS4. Компанијата, исто така, ги тестира 100-те најпопуларни игри на PlayStation 4 и ќе ни овозможи да gi играме „скоро сите“ наслови на PS5. Целосниот список ќе биде објавен веднаш по официјалната премиера на конзолата во последниот квартал од 2020 година.

Поврзани вести

WhatsApp конечно би можел да ги добие двете опции што ги чекаме

Влатко Зорба

HUAWEI P smart 2021 пристигна на македонскиот пазар

msp-admin

Xiaomi Mi 11 Lite ќе има рамен екран

Влатко Зорба