СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Успехот на iPhone 12 може да зависи од развојот на 5G мрежите

Основната серија на паметни телефони на Apple се очекува да вклучува 5G конекција следната година, но може да не го донесе посакуваниот ефект. Според аналитичарот на „Loup Ventures“, следната година ќе биде разочарувачка за инвеститорите на Apple, а тоа се должи на бавниот процес на проширување на 5G мрежите, особено во САД. Сепак, акциите на Купертино може да покажат најдобри перформанси следната година.

Очекувањата од страна на телекомите во САД за проширување на 5G мрежите се доста оптимистички. Според Verizon , половина од САД ќе имаат 5G покриеност до крајот на 2020 година, а според другите телекоми, стапката може да достигне 75%.

Според податоците од синџирот на снабдување со компоненти, Apple предвидува дека ќе испорача 100 милиони паметни телефони од идната серија iPhone 12 во 2020 година, токму поради својата 5G поврзаност. Доколку тоа се случи, компанијата ќе забележи 20% зголемување на пратките во однос на она што се очекува за серијата iPhone 11 во 2019 година.

Поврзани вести

Фејсбук ја претстави апликацијата „Вјупоинтс“ која на корисниците ќе им плаќа за учество во анкети

msp-admin

Facebook развиваат апликација за препознавање на лица за вработени во компании

msp-admin

Spotify од денеска достапен за Македонија

msp-admin