СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Започна ажурирањето на Nokia смартфоните до Android 10

HMD Global објави дека од денес почнува ажурирањето до Android 10 на паметниот телефон Nokia 8.1. Тоа е првиот паметен телефон на марката, како и првиот телефон со процесорот Qualcomm Snapdragon 710 кој ја добива најновата верзија на оперативниот систем Android.

Како резултат на надградбата, Nokia 8.1 ќе има корист од предностите на вештачката интелигенција како што е полесен пристап, интуитивно управување и поголема контрола врз личните податоци, истакна компанијата, која е сопственик на легендарната марка за мобилни телефони.

HMD Global потсетува дека нејзините телефони први се надградија на Android Oreo, потоа на Android Pie и сега повторно се во првите редови на ажурирање со Android 10. Компанијата поддржува месечни ажурирања за безбедноста и оперативниот систем во целото свое портфолио, дозволувајќи им на корисниците на Nokia да ги примаат сите новости уште со нивното појавување.

Со ажурирањето на Android 10, љубителите на Nokia 8.1 ќе добијат многу нови опции:

*Навигација со гестови: контролата на Nokia стануваат побрзи и поинтуитивни;

* Паметен одговор;

* Контрола на приватноста;

* Фокус режим: блокирање на дефокусирачки апликации;

* Семејни поставки.

Во неодамнешното истражување за надградбите на софтвер и безбедноста, Counterpoint Research истакна дека Nokia е единствената марка што нуди навремена и брза надградба на софтвер и месечни подобрувања на безбедноста, а со доаѓањето на Android 10, таа повторно ќе биде прва што ќе се надоградува.

Целото портфолио на Nokia ќе се ажурира до почетокот на 2020 година, увери HMD Global.

Поврзани вести

Зошто интернет прелистувачот на „Мајкрософт“ се однесува чудно во последно време?

msp-admin

Фејсбук конечно овозможи „темен режим“ на десктоп верзијата

msp-admin

Русија ќе го блокира Твитер ако мрежата не ја отстрани забранетата содржина

Влатко Зорба