Технологија

Заврши поддршката за Windows 7

Microsoft денес ја прекинува проширената поддршка за Windows 7 за редовни корисници. Почнувајќи од 15 јануари, ќе бидат прикажувани предупредувања за целосните ризици од користење на „застарената“ платформа.

Windows 7 излезе пред повеќе од една деценија – на 22 јули 2009 година. Сепак, според статистиката, сè уште има околу 400 милиони корисници ширум светот кои го користат овој оперативен систем.

Од април минатата година, Microsoft ги предупредуваше корисниците за претстојната „смрт“ на Windows 7 и предложи да се префрлат на Windows 10 со потсетници што се појавуваат на работната површина.

Но, почнувајќи од утре, 15 јануари 2020 година, системот ќе започне со прикажување на сигнали на цел екран, во кои се опишани ризиците од користење на Windows 7 Service Pack 1, откако ќе се прекине поддршката. Овој нов пристап всушност беше воведен со декемвриското ажурирање на Windows. Се разбира, останува копчето „Не ме потсетувај повеќе“.

И по 14 јануари, корисниците ќе можат да користат Windows 7. Но, ова ќе предизвика зголемени ризици бидејќи системот нема да добива повеќе безбедносни ажурирања. Функционалните ажурирања за Windows 7 престанаа во јануари 2015 година.

Бизнис и корпоративните корисници на Windows 7 ќе можат да се потпираат на поддршка до јануари 2023 година за дополнителен надомест.

Бесплатната надградба од Windows 7 на Windows 10 истече на 29 јули 2016 година. Оттогаш, оние што сакаат да ги надградат своите системи треба да платат 120 долари. Сепак, во пракса, многумина успеваат да се надоградат бесплатно.

Microsoft ги охрабрува корисниците да не го надградуваат Windows 7 на Windows 10 на своите стари компјутери, туку да купуваат нов компјутер. Компанијата тврди дека компјутерите се подобриле и станале поевтини во последните осум години, а некои компоненти и двигатели на постарите машини може да не работат правилно во Windows 10.

Во меѓувреме, Google најави дека ќе ја задржи целосната поддршка за Chrome за Windows 7 најмалку уште 18 месеци – до 15 јули 2021 година. Оваа одлука на компанијата несомнено ќе им даде поголем мир на корисниците, од кои повеќето го користат токму прелистувачот Chrome.

Поврзани вести

Гугл да плати 5 милијарди долари поради следење на милиони корисници

Stefanija Kuzmanovska

Sony развива нов 5,5-инчен Xperia Compact смартфон

Влатко Зорба

Samsung патентираше смартфон со „испакнат“ дел над дисплејот

Влатко Зорба

Huawei Nova 5T со 5 камери и ВИ достапен на македонскиот пазар

Maja_Serafimova

Кога ќе биде премиерата на Samsung Galaxy S11?

Влатко Зорба

Како би реагирале доколку имате ноќна средба како оваа? (ВИДЕО)

Влатко Зорба