Стандард МК https://standard.mk За новата генерација читатели Sat, 18 Jan 2020 07:54:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=4.9.13 Европскиот суд за човекови во Стразбур досега пресуди за шест лица жртви од лустрација и ги обесштети со вкупно 32.400 евра https://standard.mk/evropskiot-sud-za-chovekovi-vo-strazbur-dosega-presudi-za-shest-lica-zhrtvi-od-lustracija-i-gi-obesshteti-so-vkupno-32-400-evra/ Sat, 18 Jan 2020 07:51:26 +0000 https://standard.mk/?p=318933

Европскиот суд за човекови во Стразбур (ЕСЧП), постапувајќи по предметите за процесот на лустрација во Северна Македонија, досега има донесено шест пресуди против нашата држава. Во меѓувреме постапува и по три други предмети. Владиниот агент за застапување на Република Северна Македонија, пред ЕСЧП, Даница Џонова, изјави дека, освен за овие предмети, не може да даде […]

The post Европскиот суд за човекови во Стразбур досега пресуди за шест лица жртви од лустрација и ги обесштети со вкупно 32.400 евра appeared first on Стандард МК.

]]>

Европскиот суд за човекови во Стразбур (ЕСЧП), постапувајќи по предметите за процесот на лустрација во Северна Македонија, досега има донесено шест пресуди против нашата држава. Во меѓувреме постапува и по три други предмети. Владиниот агент за застапување на Република Северна Македонија, пред ЕСЧП, Даница Џонова, изјави дека, освен за овие предмети, не може да даде други информации дали постојат во Стразбур други апликации на оваа тема. Според Џонова, владиниот агент, преку него и државата прв пат дознава за поднесени апликации тогаш кога тие ќе бидат доставени на одговор.

– Од моментот на нивно поднесување до моментот на нивно доставување одговор за државата може да поминат години”, појаснува Џонова.

Во однос на пресудите на ЕСЧП, таа додава дека вкупниот износ на обесштетување од шесте досегашни пресуди изнесува 32.400 евра”.

Моментално пред ЕСЧП, како што истакна Џонова, во тек се постапките за предметите за лицата Владимир Милчин, Кирил Псалтиров и Николче Бабовски.

Инаку, прва пресуда на ЕСЧП, против процесот на лустрација во Северна Македонија, беше за поранешниот уставен судија Трендафил Ивановски, објавена во јануари 2016, односно оваа одлука стана правосилна во април истата година.

Потоа следеше пресудата за Петар Карајанов, во 2017 година. Во следната 2018 година, ЕСЧП објави две пресуди за Исак Ајрули и Никола Костурски. Последните пресуди против процесот на лустрација од страна на ЕСЧП беа објавени во 2019 година, односно во септември беа објавени одлуките за Драги Билески и во ноември за поранешниот пратеник на ПДП, Сефедин Харуни.

Ивановски: Она што кај нас се спроведе не беше лустрација, туку кастрација на здравиот разум

Поранешниот судија на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, одговарајќи на прашање дали со донесување на Законот за поништување на лустрацијата ќе се исправи неправдата кон него и другите лустрирани лица, изјави дека единствено што остана од тој процес се последиците. Според него, иницијативата за донесување на Законот за поништување на лустрацијата беше еден несериозен обид.

– Пред избори тоа е сериозно прашање. Треба да се има една политичка клима, волја за да им да даде извинување на овие луѓе, кои беа жртва на овој процес на лустрација, каде што нивните права беа погазени. Донесувањето на овој закон е неопходност, обврска. Став на Европската Унија и на сите други меѓународни организации, Стејт департманот и целата наша јавност беше дека овој процес беше забеган процес, овој процес што се спроведе не беше лустрација, туку беше за кастрација на здравиот разум, изјави Ивановски.

Тој меѓу друго рече дека самиот процес доколку биде поништен на некој начин ќе значи задоволување на правдата. Меѓутоа, Ивановски, нагласува дека без одговорност на Комисијата за лустрација, или пак на другите органи, без утврдување на нивна вина, само едно извинување од страна на државата, (иако е корисно) нема да ги задоволи сите барања на овие луѓе што се онеправдани.

Владата на Република Северна Македонија на редовна 172 седница, одржана на 24 декември 2019, го утврди текстот на Предлог на закон за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација.

Со новото предложено решение, се пристапува кон отстранување на штетните последици по лицата кои беа жртви на овие постапки пред Комисијата за верификација на факти, пред надлежните судови и пред другите органи, и согласно Предлог законот, за  оштетените лица од наведените акти и дејствија, се предвидува надоместок на штета.

Последните настани во Комисијата за политички систем не најавуваат дека овој закон ќе се донесе пред 12 февруари, кога е предвидено да се распушти Собранието. Предлог-законот беше на дневен ред на собраниската Комисија за политички систем и односите меѓу заедниците, но поради немање кворум и неприсуство на пратеници од ДУИ, од Демократската партија на Турците (ДПТ) и опозициската ВМРО-ДПМНЕ седницата беше одложена.

За шестгодишното работење, Комисијата за лустрација прогласи за кодоши околу 200 лица, а речиси половина од нив беа починати. Таа беше формирана во 2009 година, а беше укината на 1 септември 2015 година.

Да се бара одговорност и за Комисијата за спроведување на лустрација

Граѓанскиот сектор од областа на правосудството и човековите права е со став дека освен поништување на правните последици и обесштетување не неправедно лустрираните лица, во Законот за поништување на лустрација треба да се предвиди и одговорност на Комисијата за спроведување а лустрацијата. Одговарајќи на прашање на МИА, од Блупринт Групата, изјавија дека за неправилната спроведена лустрацијата од страна на Комисијата, треба да се предвидат и некакви последици.

– Многу од лустрираните нема само лични тажни приказни, но и нивните фамилии беа нарекувани со разни имиња. Освен на уставниот судија што му престана функцијата, на другите не. Етикирањето дека некој е кодош во нашето општество донесе многу негативни последици. Не само за самите луѓе, туку и за нивните семејства, тие треба да се обесштетат не само материјално, туку и нематеријално. Не гледаме каква било пречка Јавно обвинителство да разгледа дали имало злоупотреба и нешто да преземе во оваа насока. Без разлика што Комисијата не постои веќе, се знае кој беа членови на таа комисија. Посебно што и Управен суд ги има вратено дел од предметите како несоодветни постапки спроведени, истакна од Блуепринт Групата.

Дополнително во брифингот со новинари од Блуепринт Групата, потенцираа дека во сите решенија на лустрација каде луѓето се прогласени за соработници, во ниту едно од тие Комисијата нема утврдено дека некој од тие лица направиле големо прекршување на човекови права. Според нив целиот процес на лустрација е без целен.

Инаку, освен ЕСЧП, и Управниот и Више Управниот Суд во земјава донесе одлуки за 70-80 предмети од лустрацијата, кој се вратени на од почеток. Но овие случаи повторно не се разгледани затоа што Комисијата за утврдување на факти, е распуштена во 2017 година.

The post Европскиот суд за човекови во Стразбур досега пресуди за шест лица жртви од лустрација и ги обесштети со вкупно 32.400 евра appeared first on Стандард МК.

]]>
Поповска: Блокирањето на Законот за одбрана е политичка игра пред изборите https://standard.mk/popovska-blokiranjeto-na-zakonot-za-odbrana-e-politichka-igra-pred-izborite/ Sat, 18 Jan 2020 06:30:30 +0000 https://standard.mk/?p=318889

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ немаат аргументи зошто се против една изборна единица, отворени листи и еднаква родова застапеност, па затоа ги блокираат законите со илјадници амандмани. Овие 6.000 амандмани можеле да се стават во три до пет амандмани и побрзо да помине расправата, вели во интервју за Локално пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска. Според неа, може […]

The post Поповска: Блокирањето на Законот за одбрана е политичка игра пред изборите appeared first on Стандард МК.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ немаат аргументи зошто се против една изборна единица, отворени листи и еднаква родова застапеност, па затоа ги блокираат законите со илјадници амандмани. Овие 6.000 амандмани можеле да се стават во три до пет амандмани и побрзо да помине расправата, вели во интервју за Локално пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска. Според неа, може да се седне и да се разговара за одложено стапување на сила на законите, но тоа да се случи сега, кога се има волја и мнозинство за овие законски решенија. Изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека за овие законски решенија треба да се зборува по изборите не ја гледа како лицемерие, туку како став во кој повторно изостанува аргументација.

Поповска вели дека таа и лидерката на ДОМ, Маја Морачанин би гласале за укинување на лустрацијата, бидејќи беило очигледно дека таа се злоупотребува и едни неправди во едно време биле заменети со други неправди во друго време. За блокадата на Законот за Јавно обвинителство и Законот за одбрана, пратеничката истакнува дека се предизборни блокади со цел да не можат да се вбројат како успеси на владејчакото мнозинство.

По осумнаесет години поминати во собраниските клупи, пратеничката на ДОМ вели дека нема да се кандидира за нов мандат и оти дошло време да се повлече. Вели, првиот чекор бил барањето да не биде кандидирана за лидерската позиција во партијата, а собраниските клупи ги остава за како што рече, нови борци од партијата. За нејзиниот последен пратенички мандат вели дека бил најтрауматичен, најлош и најненормален мандат во сите 18 години минати во Собранието, со физички и психолошки повреди, говор на омраза, тензии и дисторзии.

Каде ја гледате вината за ненавременото носење на реформските закони, конкретно зборувам за Законот за одбрана кој што е тука во Собранието и чека само гласови од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која упорно не сака да ги даде тие гласови?

Поповска: Сега истекуваат последните денови од овој мандат и ова е време во кое се играат многу политички игри. Јас го гледам како дел од политичките игри за блокирање на владејачкото мнозинство да донесе што помалку закони кои ги смета за потребни и да не може да ги вброи во постигнати резултати. Јас така го гледам тоа на едноставен начин затоа што и целото тоа и со техничката влада што се прави, како што гледаме сите, станува многу невкусно и мислам дека треба сериозно да размислиме да престане веќе оваа пракса. Вторпат се случува ова, се избира техничка влада. И двата пати се покажа дека во тој меѓу период практично не функционира државата, туку се користи за чисто политички цели и мислам дека треба да се размисли да престане ваков избор на техничка влада зошто не само што не се обезбедува добри услови за подготовка за избори, туку се создаваат полоши услови. Сѐ се претвора во меѓусебно обвинување на сите тие министри, заменици и дополнителни министри и е штетно. Следниве три месеци уште попроблематично ќе фунцкионираат институции кои се важни за обезбедување нормални услови за фер и демократски избори.

Целото интервју прочитајте го на Локално.мк

The post Поповска: Блокирањето на Законот за одбрана е политичка игра пред изборите appeared first on Стандард МК.

]]>
„Реално шоу“ на Трипуновски во подрачната единица во Берово (ВИДЕО) https://standard.mk/realno-shou-na-tripunovski-vo-podrachnata-edinica-vo-berovo-video/ Fri, 17 Jan 2020 22:23:31 +0000 https://standard.mk/?p=318930

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски денеска беше во ненајавена посета и контрола на Подрачната единица на МЗШВ во Берово. Со себе тој носеше и човек да го снима целиот процес. Не се најавил претходно, сакал да се увери дали сите вработени се на своите места и дали работат како што треба. Откако се запозна […]

The post „Реално шоу“ на Трипуновски во подрачната единица во Берово (ВИДЕО) appeared first on Стандард МК.

]]>

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски денеска беше во ненајавена посета и контрола на Подрачната единица на МЗШВ во Берово. Со себе тој носеше и човек да го снима целиот процес.

Не се најавил претходно, сакал да се увери дали сите вработени се на своите места и дали работат како што треба.

Откако се запозна со вработените, ги дозна нивните имиња и позиции, одлучи да го посети и началникот.

 

Вонредната посета и контрола на ПЕ Берово

Вонредната посета и контрола на Подрачната единица на МЗШВ во Берово.

Gepostet von Цветан Трипуновски am Freitag, 17. Januar 2020

The post „Реално шоу“ на Трипуновски во подрачната единица во Берово (ВИДЕО) appeared first on Стандард МК.

]]>
Муцунски: Има подобар начин за водење добрососетска политика https://standard.mk/mucunski-ima-podobar-nachin-za-vodenje-dobrososetska-politika/ Fri, 17 Jan 2020 21:44:41 +0000 https://standard.mk/?p=318926

Двата договори со Грција и Бугарија кои во содржината негираат право на самоопределување или ставање во прашање на историјата се непотребни. Ваквите договори не ја ставаат Македонија на брзата патека кон ЕУ туку се ретроградни, изјави секретарот на ВМРО-ДПМНЕ за надворешни прашања Тимчо Муцунски. -Негативните импликации од овие договори ќе ги чувствуваме во годините кои […]

The post Муцунски: Има подобар начин за водење добрососетска политика appeared first on Стандард МК.

]]>

Двата договори со Грција и Бугарија кои во содржината негираат право на самоопределување или ставање во прашање на историјата се непотребни. Ваквите договори не ја ставаат Македонија на брзата патека кон ЕУ туку се ретроградни, изјави секретарот на ВМРО-ДПМНЕ за надворешни прашања Тимчо Муцунски.

-Негативните импликации од овие договори ќе ги чувствуваме во годините кои доаѓаат. Потребни се реформи во правосудството, администрацијата, здравствени реформи, подобрување на капиталните инвестиции. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира владата. Има начин на кој ќе се води добрососедска политика, политика која ќе не води напред а некоја отвара нови проблеми и повреда на националните чувства на граѓаните, вели Муцунски.

The post Муцунски: Има подобар начин за водење добрососетска политика appeared first on Стандард МК.

]]>
Османи: Законот за ЈО мора да се донесе, да не се даде алиби за недобивање датум за преговори https://standard.mk/osmani-zakonot-za-jo-mora-da-se-donese-da-ne-se-dade-alibi-za-nedobivanje-datum-za-pregovori/ Fri, 17 Jan 2020 21:37:40 +0000 https://standard.mk/?p=318919

Формален услов немаме, но бидејќи е навлезено во перцепцијата на земјите членки дека е важно, донесувањето на законот за ЈО ќе го олесни патот кон ЕУ. Би ризикувале ако не се донесе да им дадеме алиби на земји членки кои веќе се скептични за отпочнувањето преговори на Македонија со Унијата, вели вицепремиерот за европски прашања […]

The post Османи: Законот за ЈО мора да се донесе, да не се даде алиби за недобивање датум за преговори appeared first on Стандард МК.

]]>

Формален услов немаме, но бидејќи е навлезено во перцепцијата на земјите членки дека е важно, донесувањето на законот за ЈО ќе го олесни патот кон ЕУ. Би ризикувале ако не се донесе да им дадеме алиби на земји членки кои веќе се скептични за отпочнувањето преговори на Македонија со Унијата, вели вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

-Франција и Холандија се фиксирани на потребата од донесување закон за ЈО, супстанцата на законот е веќе решен, сите предмети се веќе преземени, вработените се превземени, ЈО може да продолжи каде СЈО застана. Сепка потребата за консензус во борбата против криминалот е важна за земјите членки. Тоа за нив е гарант дека борбата со корупцијата ќе биде таргетирана во идниот период. Ако ВМРО-ДПМНЕ гласа за овој закон ќе биде 50-50 во придонесот на двете страни за отварање на вратата кон ЕУ. Сите имаме придонесено до сега, еве судбината така не наведе и последното парче од мозаикот заедно да се реши. ВМРО нема да има штета ако имаме одлука во март, вели Османи.

Тој тврди дека парнтерите во владата се сложни за законот за ЈО. Додава дека само по себе се наметна дека клучот за отворање на вратата за преговори е двотретински закон за ЈО.

-15 години додека имаме кандидатски статус, судбината не доведе до овој двотретински закон, никој да не може сам да ја отвори вратата, и никој да не може да си ја препише заслугата за отпочнување преговори со Европската унија, вели Османи.

Османи информираше дека одлучувачки самити се оние во март, јуни и октомври, и дека оваа влада работи државата да добие датум за преговори во март,

-Франција излезе брзо со нова методологија. Ни на ним не им е лесно, Франција е изолирана поради одлуката и сакаат побрзо да излезат од тоа чувство на нелагодност.
Уште во февруари ќе знаеме како ќе се развиваат работите, но не ветуваме после октовмри ништо направивме се, а сепак не добивме датум за преговори, оставаме на Унијата. Ако се реши законот за Јавно обвинителство нема да има никаков проблем во Париз, вели Османи.

The post Османи: Законот за ЈО мора да се донесе, да не се даде алиби за недобивање датум за преговори appeared first on Стандард МК.

]]>
Ѓоковиќ е побогат за речиси три милиони долари, откако го доби судскиот спор со Рио де Жанеиро https://standard.mk/gjokovikj-e-pobogat-za-rechisi-tri-milioni-dolari-otkako-go-dobi-sudskiot-spor-rio-de-zhaneiro/ Fri, 17 Jan 2020 21:26:56 +0000 https://standard.mk/?p=318922

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е побогат за речиси три милиони долари, откако го доби судскиот спор со градот Рио де Жанеиро. Домаќинот на последните летни Олимписки игри му остана должен на Ѓоковиќ за учество во егзибицискиот меч со Густаво Кернтен во 2012 година. Српскиот ас требаше да инкасира 1,1 милион долари од мечот, меѓутоа на […]

The post Ѓоковиќ е побогат за речиси три милиони долари, откако го доби судскиот спор со Рио де Жанеиро appeared first on Стандард МК.

]]>
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е побогат за речиси три милиони долари, откако го доби судскиот спор со градот Рио де Жанеиро.
Домаќинот на последните летни Олимписки игри му остана должен на Ѓоковиќ за учество во егзибицискиот меч со Густаво Кернтен во 2012 година.
Српскиот ас требаше да инкасира 1,1 милион долари од мечот, меѓутоа на сметка му легнаа 650.000 долари, па правда реши да побара на суд.
Случајот почна во 2012 година, па вклучувајќи и камати, Рио де Жанеиро е должен да му исплати, речиси, три милиони долари на Ѓоковиќ.

The post Ѓоковиќ е побогат за речиси три милиони долари, откако го доби судскиот спор со Рио де Жанеиро appeared first on Стандард МК.

]]>
Во Белград вечерва со истрел во глава е убиен 41-годишен маж пред неговата сопруга и детето https://standard.mk/vo-belgrad-vecherva-so-istrel-vo-glava-e-ubien-41-godishen-mazh-pred-negovata-sopruga-i-deteto/ Fri, 17 Jan 2020 21:08:18 +0000 https://standard.mk/?p=318920

Во Белград вечерва со истрел во главата е убиен 41-годишниот Марко В. пред неговата сопруга и детето. Непознат маж му се приближил пред Основното училиште „Борислав Пекиќ“ во населбата Бежаниска коса и го застрелал во главата. Сопругата и две деца биле со него во моментот на егзекуцијата, јавува Телеграф .рс.  

The post Во Белград вечерва со истрел во глава е убиен 41-годишен маж пред неговата сопруга и детето appeared first on Стандард МК.

]]>

Во Белград вечерва со истрел во главата е убиен 41-годишниот Марко В. пред неговата сопруга и детето.

Непознат маж му се приближил пред Основното училиште „Борислав Пекиќ“ во населбата Бежаниска коса и го застрелал во главата. Сопругата и две деца биле со него во моментот на егзекуцијата, јавува Телеграф .рс.

 

The post Во Белград вечерва со истрел во глава е убиен 41-годишен маж пред неговата сопруга и детето appeared first on Стандард МК.

]]>
Клоп: Куп на африкански на нации во јануари е „катастрофа за Ливерпул“ https://standard.mk/klop-kup-na-afrikanski-na-nacii-vo-januari-e-katastrofa-za-liverpul/ Fri, 17 Jan 2020 20:48:42 +0000 https://standard.mk/?p=318917

Камерун ќе биде домаќини на Купот на африкански нации (КАН) во 2021 година. Поради неповолните временски услови во земјата во летниот период, турнирот е закажан за наредниот јануари, па, иако има уште цела година до почетокот, сепак, почнаа негодувањата кај дел од тренерите. Меѓу таквите е менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп кој уште од сега […]

The post Клоп: Куп на африкански на нации во јануари е „катастрофа за Ливерпул“ appeared first on Стандард МК.

]]>

Камерун ќе биде домаќини на Купот на африкански нации (КАН) во 2021 година. Поради неповолните временски услови во земјата во летниот период, турнирот е закажан за наредниот јануари, па, иако има уште цела година до почетокот, сепак, почнаа негодувањата кај дел од тренерите.

Меѓу таквите е менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп кој уште од сега размислува како ќе остане без Мохамед Салах, Садио Мане и Наби Кеита.

„Ќе мора да донесеме важна одлука ако мора да доведеме некои фудбалери. Не е едноставно да знаете дека четири недели ќе треба да играте без нив. Како клуб, мора да размислуваме во таа насока“, изјави Клоп за „Би-Би-Си“.

Купот на африкански нации во 2019 година се одржа во летоска во Египет, откако по традиција се организираше во јануари и февруари. Одлуката за поместување на турнирот беше донесена во 2017 година и наиде на одобрување од бројни европски клубови.

Со тоа се осигура дека КАн нема да се поклопи со проширеното Светско клупско првенство што ФИФА го планира во Кина во јуни во 2021 година.

The post Клоп: Куп на африкански на нации во јануари е „катастрофа за Ливерпул“ appeared first on Стандард МК.

]]>
Помпео: Стејт департментот ќе стори се за да утврди дали имало закани за дипломатскиот персонал https://standard.mk/pompeo-stejt-departmentot-kje-stori-se-za-da-utvrdi-dali-imalo-zakani-za-diplomatskiot-personal/ Fri, 17 Jan 2020 20:36:23 +0000 https://standard.mk/?p=318915

Стејт департментот ќе стори се за да утврди дали имало закани за дипломатскиот персонал, изјави денеска државниот секретар Мајк Помпео по информациите дека поранешната амбасадорка на САД во Украина, Мари Јованович, била тајно следена и надгледувана. Во изјава за една американска радио станица, Помпео истакна дека „ќе направиме се што треба за да оцениме што […]

The post Помпео: Стејт департментот ќе стори се за да утврди дали имало закани за дипломатскиот персонал appeared first on Стандард МК.

]]>

Стејт департментот ќе стори се за да утврди дали имало закани за дипломатскиот персонал, изјави денеска државниот секретар Мајк Помпео по информациите дека поранешната амбасадорка на САД во Украина, Мари Јованович, била тајно следена и надгледувана.

Во изјава за една американска радио станица, Помпео истакна дека „ќе направиме се што треба за да оцениме што се случило“.

-Се сомневам дека многу од тоа што се соопшти на крајот ќе се покаже за неточно. Но наша, и моја обврска, во својсто на државен секретар, е да спроведенме оценка и истрага. Секојпат кога се тврди дека постои можност за закана кај некој од нашите вработени, ние секако тоа го правиме, изјави Помпео.

Според досега објавените документи, Лев Парнас, американски бизнисмен роден во Украина, во својство на асистент на Руди Џулијани, личен адвокат на претседателот Доналд Трамп, помагал во кампања на принуда на раководството на Украина да објави истрага за политички ривал на Трамп. Од некои пораки се дознава дека Јовановиќ наводно била следена и надгледувана од некои лица блиски на репубиканците во Вашингтон.

Во изјавата, Помпео додаде дека никогаш досега не разговарал и не се среќавал со Парнас.

The post Помпео: Стејт департментот ќе стори се за да утврди дали имало закани за дипломатскиот персонал appeared first on Стандард МК.

]]>
Рама: Харадинај е лицемерен патриот https://standard.mk/rama-haradinaj-e-licemeren-patriot/ Fri, 17 Jan 2020 20:19:02 +0000 https://standard.mk/?p=318913

Албанскиот премиер, Еди Рама, за првпат реагираше по тужбата што ја поднесе пред Основниот суд во Приштина, против косовскиот колега Рамуш Харадинај. Одговарајќи на Фејсбук, на прашањето зошто не бил на Косово да го одбележи масакрот „Рачак“, Рама изрази жалење за оние што го проколнуваат, повторно напаѓајќи го косовскиот премиер во заминување, нарекувајќи го лицемерен […]

The post Рама: Харадинај е лицемерен патриот appeared first on Стандард МК.

]]>

Албанскиот премиер, Еди Рама, за првпат реагираше по тужбата што ја поднесе пред Основниот суд во Приштина, против косовскиот колега Рамуш Харадинај.

Одговарајќи на Фејсбук, на прашањето зошто не бил на Косово да го одбележи масакрот „Рачак“, Рама изрази жалење за оние што го проколнуваат, повторно напаѓајќи го косовскиот премиер во заминување, нарекувајќи го лицемерен патриот.

„Жалење и срам за тебе и на секој друг како тебе, кој бесрамно ме навредува и проколнува од Косово за имагинарно предавство и понижување, вперено кон мене од политичари и аналитичари“, наведува Рама.

Посочува дека направил, прави и ќе прави се што може за Албанија и за Косово идентично и оти нема намера да се повлече или да се поклони на „оваа армија на клеветници и паразити, зашто јас сум со праведноста и со вистината, дури и кога тоа доцни, но никогаш не заборава“.

-Што се однесува до Рачак, на тие невини жртви на српската агресија не им оддава ни најмалку почит вашиот господар навредувајќи ме, исто како што не м се оддава почит жртвите од омраза со тоа што ги користат за ниска политика што ги дели луѓето во патриоти и предавници, напиша Рама.

На крај наведува:

„Ова беше мојот одговор за тебе, следејќи со големо жалење како ваквата политика го одзема духот и лицето на Косово, во очите на обичните луѓе и големите меѓународни пријатели, кои се повеќе се чудат од политичката неспособност и од патриотската хипокризија лицемерие на оние што настојуваат дека со клевета и омаловажување кон мене, ќе избегаат од своите одговорности пред народот и иднината на Косово, напиша албанскиот премиер.

The post Рама: Харадинај е лицемерен патриот appeared first on Стандард МК.

]]>