Како што се очекуваше, денес Huawei ги претстави Mate 30 смартфоните кои се базираат на минатогодишните модели и нудат возбудливи нови технологии. Тука е вклучен двострано заоблен на 88 степени OLED дисплеј, кој компанијата го нарекува Horizon, и чипсет Kirin 990 со интегрирани 5G можности.
Дисплејот е дијагонален со дијаметар од 6,53-инчи и помага да се елиминираат страничните рамки. Компанијата ги користи заоблените страни за различни работи – тие имаат виртуелни копчиња за контрола на звукот, а корисниците можат да изберат на која страна да бидат, а покрај тоа, на нив можат да бидат прикажани копчиња за снимање или за други опции за време на игра. Телефонот исто така нуди 3D препознавање на лице плус вграден сензор за отпечатоци. Екранот исто така служи за репродукција на звук при разговор. Мate 30 има 6,62-инчен OLED рамен дисплеј и стандарден звучник.
Серијата е придвижувана од чипсет Kirin 990, кој исто така доаѓа со можност за 5G, 16-јадрен графички забрзувач и NPU-базирана архитектура Da Vinci. Чипсетот се заснова на 7nm + процес и поддржува не само 2G / 3G / 4G мрежи, туку и 5G во режимите Non-StandAlone (NSA) и StandAlone (SA). Додадена е Dual SIM, Dual Standby и FDD/TDD со сите додадени опсези.
Mate 30 Pro 5G вклучува вкупно 14 5G антени за оптимални перформанси. Во однос на батеријата Mate 30 има 4200 mAh, а Mate 30 Pro располага со 4500 mAh. И двата можат да се наполнат брзо при 40 вати со кабел и безжично од 27 вати. Додадена е и добро познатата опција за обатно безжично полнење.
Каква е состојбата со камерата? Huawei Mate 30 има тројна основна со сензор за суперсензибилизација 40MP, сензор од 16 MP со ултра широкоаголна оптика и сензор од 8MP со телефото. Постои и камера од 24 MP за селфи.
Како што може да претпоставите, Mate 30 Pro има поинтересна конфигурација – има 40MP два сензори, 8MP сензор со телефото леќа и сензор за 3D Depth за „boke“ ефекти. Првиот сензор е наречен Cine Camera и е со големина 1 / 1,54-инчи (3: 2), кој нуди ISO 51 200 за снимање на видео и ултра широкоаголна леќа. Тој е исто така способен за снимање со проширен динамичен опсег на видео 4K / 60fps, како и видео со брзина од 7680 fps (720pps). Додаден е режим за снимање на ултра широкоаголно time-lapse видео при слабо осветлување.
Huawei Mate 30 Pro исто така доаѓа со втор 40MP 1 / 1.7-инчен(4: 3) SuperSensing сензор кој може да фати 40% повеќе светлина и да поддржува ISO 409 600 – тоа го знаеме од серијата P30. Тој исто така има ОIS. Додаден е и дополнителен сензор 8MP со 3х-телефо-оптика со 5х хибриден и дигитален зум од 30x, а исто така поддржува оптичката и AIS stabilizacija. Сензорот за 3D длабочина се користи за ефекти „boke“. Исто така, постои и 3D сензор за длабочина што помага да се обезбедат поспектакуларни портрети, како и контрола на гестови. Камерата за селфи на Mate 30 Pro има 32MP резолуција.
Двата телефони се со верзијата на Android со отворен код (bez услугите и апликациите на Google) и ЕMUI 10 и ќе доаѓаат во 4 бои – зелена, сребрена, виолетова и црна боја. Исто така, ќе има две опции со еко-кожа назад во зелена и портокалова боја.
Сè уште нема информации дали моделите ќе излезат во Европа, но цената на Mate 30 со 8 GB / 128 GB меморија започнува од 799, а Mate 30 Pro со 8 GB / 256GB меморија ќе чини 1099 евра. Верзијата Mate 30 Pro со 5G ќе има цена од 1.199 евра.
Компанијата исто така ќе понуди варијанта Porsche Design Huawei Mate 30 RS со различен дизајн на задниот панел покриен со кожа, со цена од 2.095 € за 12 GB RAM верзијата и 512 GB меморија.