Раководството на Јувентус ќе се обиде да ја намали трансферната сума на Сергеј Милинковиќ-Савиќ, вклучувајќи го во договорот со Лацио полудефанзивецот Марко Пјаца, тврди Tuttosport.
Српскиот фудбалер на „орлите“ е еден од најбараните играчи летово и се очекува неговата трансферна сума да се зголеми значително по Светското првенство во Русија. Екипите на Манчестер Јунајтед и Јувентус се меѓу главните кандидати за потписот на Милинковиќ-Савиќ, а од Лацио го оценуваат својот фудбалер на 100 милиони евра.
„Бјанконерите“ веќе подготвуваат стратегија со која ќе ја намалат донекаде оваа сума. Раководството на Јувентус ќе ги вклучи во зделката Хрватот Марко Пјаца, кој ги помина последните 6 месеци на изнајмување во германскиот Шалке 04. 23-годишниот фудбалер беше купен од италијанскиот шампион за 23 милиони евра од тимот на Динамо (Загреб) во текот на летото на 2016-та .