Забава МАГАЗИН

Караниците се всушност корисни за вашата врска

Караниците со партнерот еднаш неделно помагаат во одржување на здрав и продуктивен однос во љубовната врска. Тоа е она во што веруваат 44% од паровите, покажало неодамнешносто истражување.

Цивилизираниот облик на расправијата ги зголемува шансите дека парот ќе остане заедно подолг период, бидејќи и покрај малите недоразбирања, знаат дека нивната љубов е искрена. Научниците тврдат дека паровите кои многу се караат – многу се сакаат.
Постојаното избегнување на караниците не е најдобар начин за здрав однос. Токму спротивното, доколку сте подготвени да кажете што ви лежи на душата кога ќе дојде до караницата, тоа значи дека сте подготвени вашата љубов да ја подигнете на наредно ниво.

Расправијата покажува дека се грижите за партнерот и вашиот меѓусебен оснос, бидејќи да не било така би ви било сеедно и немало да има потреба од расправија. Квалитетната расправија е еден од главните облици на комуникацијата. Таа помага во зближувањето на партнерите, во создавањето на интимност и поврзаност. Бројните психолози се согласуваат дека расправијата е клучна точка за здрава и среќна врска. Токму кај паровите кои никогаш не се караат нешто не е во ред со нивната врска.

Поврзани вести

Кеjти Холмс во врска со осум години помлад готвач (ФОТО)

Влатко Зорба

Роби Вилијамс најслушан во Велика Британија

По неодоливата честитка на Хари и Вилијам посака среќни празници со слатка фотографија

Кристина Денесовска

Спектакуларна глетка на кометата Неовајс над Јадранско море (ВИДЕО)

Неделен хороскоп: Биковите храбро одат кон остварување на целите

user2

Зошто бананите се лош избор за појадок?

Елена Даскалова