Забава МАГАЗИН

4 хороскопски знаци кои не веруваат во хороскоп

Едни од нас секојдневно читаат хороскоп бидејќи на некој начин им покажува дали се на прав пат или не. Други во него наоѓаат лесна забава.

Но, што со оние кои по никоја цена не веруваат во него?

Астрологијата тврди дека таквите луѓе се раѓаат во овие хороскопски знаци:

Бик

Астрологијата не е нешто што го привлекува нивното внимание, но скептичните Бикови воопшто не ја прифаќаат како концепт. Познати се по тоа што се темелни, практични и реални, а хороскопот им е сложен и мистериозен, а тоа е далеку од нивните убедувања.

Близнаци

Кога им чини, тие се поборници на астрологијата. Но, доколку нешто од напишаното не им одговара, веднаш се противат и велат дека тоа е голема глупост. Колку и да се логични како личности, нивната двојна природа прави да се менуваат согласно ситуацијата.

Девица

На прагматичните Девици не се обидувајте да им „продавате“ бесмислици, бидејќи тие веруваат само во факти, анализи и детали. Постојат аспекти на астрологијата кои немаат смисла за нив, па затоа и ја отфрлаат во целост.

Јарец

Јарците се познати по тоа што се традиционални и практични личности, а за нив хороскопот е само губење време. Многу е веројатно дека ќе најдат „дупки“ во астролошката логика, а доколку се случи нешто да им биде погодено, тие сепак потајно оставаат простор дека можеби има нешто точно во хороскопот.

Поврзани вести

Што сè треба да знаете за коронавирусот кој го загрижува цел свет?

Елена Даскалова

Ешли Грејам храбро ги покажа стриите по бременоста (ФОТО)

Елена Даскалова

Ја имаат помалку од 50 луѓе во светот: Каква е таа „златна крв“?

Раното новогодишно украсување потсетува на среќа

Елена Даскалова

Зачувајте го младешкиот изглед на кожата на лицето

user2

Кофеинска маска против сезонско опаѓање на косата

user2