Здравје и Храна МАГАЗИН

4 задолжителни витамини кои мора да ги консумирате во зима

Витамините и минералите ни се повеќе од потребни во сезоната на грипови и настинки и понекогаш мора да ги внесуваме преку суплементи, но за среќа ги има и во храната.

Бројни истражувања покажале дека витамините А, Ц и Е, како и фолната киселина се задолжителни преку зима, кога се зачестени настинките и сезонскиот грип.

Затоа, потребно е во редовната исхрана да внесеме намирници кои ги содржат токму овие хранливи состојки.

Витамин Ц

Витаминот Ц го има во свежо цедените сокови од цитруси. Овие сокови не ги консумирајте наутро кога сте гладни, туку задолжително по оброк. Витаминот Ц го зајакнува имунитетот, но и го забрзува заздравувањето на раните и штити од инфекции.

Витамин А

Го има во млечната храна, месото, јајцата и рибата. Овој витамин помага во обновување на епителното ткиво и ја чува кожата од патогени напаѓачи. Тој е задолжителен дел од животниот циклус на клетките и ткивата. Недостатокот на витамин А предизвикува сувост на кожата и намалување на нејзината еластичност.

Витамин Е

Витаминот Е најлесно ќе го внесете преку маслиновото масло и тоа во доза од 4 полни лажици во денот. Некои луѓе го пијат маслото, а други оваа количина ја додаваат во храната. Исто така, го има и во јатките како што се бадеми, кикирики и ореви, а потоа и во сусамот и ротквиците. Консумирајте ги овие намирници свежи, бидејќи високите температури го уништуваат витаминот Е.

Фолна киселина

Ја има во зелениот листест зеленчук и интегралните житарици. Помага при обновување на леукоцитите, кои се неопходни за заштита на телото. Фолната киселина припаѓа на групата на Б-витамини, ја подобрува циркулацијата и ги регулира аминокиселините.

Поврзани вести

Приведена актерката Силвија Стојановска

Кристина Денесовска

Принцот Хари пренесен на психијатриска клиника, доживеал нервен слом?

Девојката која е ѕвезда на социјалните мрежи: Вози кола со кренати нозе, мажите лудуваат по неа (ВИДЕО)

Позната актерка на која ѝ се врати ракот ќе сними видео за да се прости од семејството

Stefanija Kuzmanovska

Бело топло чоколадо со вкус на портокал (РЕЦЕПТ)

Влатко Зорба

Крем супа за прочистување на телото од токсини

Елена Даскалова