Забава МАГАЗИН

Актерката од „Капетан Америка“ ја заклала мајка си, поводот непознат

Актерката Моли Фицџералд (38) е уапсена на 31 декември, откако полицијата открила дека со нож ја избодела нејзината мајка.

Инцидентот се случил на 20 декември во Канзас сити. Фицџералд е обвинета за убиство од втор степен, а наскоро треба да излезе пред судот. Погребот на мајка ѝ е закажан за 3 јануари.

Блиските ја опишуваат Моли како мила личност која секогаш им помагала на сите и не им е јасно што ѝ се случило, за така ѕверски да ја убие својата мајка. Поводот и мотивот за убиството и натаму се непознати.

Фицџералд стекна слава со улогата во „Captain America: The First Avenger“, а претходно глумеше во „Absurd Illusions“. Во 2018 година се појави во филмот „Trouble Is My Business“. Исто така, има работено на повеќе филмски проекти како продуцент, сценарист и режисер.

Поврзани вести

Академијата објасни зошто Лук Пери не е споменат во Ин Меморијам на Оскарите

Кристина Денесовска

Не е сеедно во кој период од денот земате пробиотик

Елена Даскалова

Случајно ѕвонел на 911 па завршил во затвор

Кристина Денесовска

Ешли Грејам храбро ги покажа стриите по бременоста (ФОТО)

Елена Даскалова

Денес е Тодорова сабота, именден слават Тодор, Теодора…

Анџелина Џоли бесна поради изјавата на Бред Пит