Забава МАГАЗИН

Актерот Милош Тимотијевиќ добива смртни закани поради сцена во серијата Јужни ветар

Откако на српската телевизија се емитуваше епизода од серијата Јужни ветар во кој неговиот лик се бакнува со друг маж, актерот Милош Тимотијевиќ започнал да добива закани преку социјалните мрежи.

Милош, кој го игра ликот на корумпираниот полицаец Ступар, откри дека сцената не му сметала, но дека е шокиран од рекциите на јавноста.

„Таа сцена за мене не е ништо страшно, страшно ми е што се крена толкава прашина поради еден геј бакнеж. Тоа е доказ колку ние сме мала и примитивна средина во која луѓето не разбираат што е глума и улога. Но, повеќе ме загрижува тоа што гледам дека во Србија потешко им падна тоа што Ступар е геј, отколку корумпиран полицаец“, рекол актерот за Блиц.

Тој додал дека поради сцената добил стотици заканувачки пораки, а тврди дека повеќето од нив се од деца помлади од 15 години.

„Откако излезе епизодата, добив бар 100 пораки со омраза на социјалните мрежи, претежно од деца до 15 години. Сега ме прозиваат мене и многу ми е чудно тоа што луѓето во 21 век го поистоветуваат актерот со ликот, а повеќе ме шокира тоа што се груби и полни со омраза кон хомосексуалната заедница. Зошто родителите воопшто им дозволуваат на децата да гледаат таква содржина и зошто немаат контрола. Серијата Јужни ветар е полна со насилство и друга содржина која не е соодветна за деца“ рекол актерот.

За пораките рекол дека не сака да им дава важност.

„Не одговарам на такви пораки, не сум тука за да воспитувам деца, тоа би било контрапродуктивно“, заклучил.

Поврзани вести

Меган го остави Хари сам да се бори со семејството

Елена Даскалова

„Како грчка божица“: Селма Хајек во бикини во шестата деценија

Влатко Зорба

Домашен пилинг за уморна и сува кожа на лицето

user2

Невидливиот костим за капење на Ева Лонгорија од 230 евра (ФОТО)

Stefanija Kuzmanovska

Марк Џејкобс: Модата нема да биде иста по коронавирусот

Stefanija Kuzmanovska

Празниците нема да бидат радосни за некои од хороскопските знаци

Кристина Денесовска