Забава МАГАЗИН

Алек Болдвин со сопругата и децата во забавен парк

Холивудскиот актер Алек Болдвин е горд на своето големо семејство. Кога не е на снимање, американскиот актер секој слободен момент го користи за да биде со своите деца.

Во минатото тој тврдеше дека е разочаран од ените и дека припаѓа во „клубот“ на мажи кои тешко го прифаќаат стареењето и сфаќаат дека се на прагот од педесетата година и немаат со што да се пофалат. Но, Болдвин го смени тоа мислење па денеска на својот семеен живот гледа од позитивна страна.

Актерот во декември минатата година го имаше своето прво појавување во јавност со сопругата Хиларија по трагедијата. Имено, сопругата беше бремена по петти пат, но кога отишла на преглед дознала дека повторно имала спонтан абортус и тоа седум месеци по првиот.

Зад парот е тежок период, но тие не се предаваат. Така, сега актерот ужива со шпанката со која има четири деца: Кармен (6) и синовите Рафаел (4), Леонардо (3) и Ромео (1), на излет во омилената дестинација на децата, Дизниленд. Од бракот со поранешната сопруга Ким Басинџер ја има ќерката Ирланд (24) која им се придружи на семејниот излет.

View this post on Instagram

Guess where we spent today…

A post shared by Alec Baldwin (@alecbaldwininsta) on

Четирите мали деца и постарата сестра се забавувале во Дизниленд, а за да нема непредвидливи ситуации, родителите ангажирале и две дадилки и ВИП водичи. Иако имал помош од сите страни, Алек цел ден ја туркал детската количка.

Парот својата врска ја започна во 2011 година, а се венчаа во јуни 2012 година. Сонот им е да имаат големо семејство и од тоа не се откажуваат.

Поврзани вести

Кендал Џенер облече фармерки кои им стојат на сите жени (ФОТО)

Елена Даскалова

Принцот Чарлс има коронавирус, Камила не е заразена

Рецепт за најдобриот појадок

Мадона гола во када зборува за коронавирусот: Нè направи различни на еднаков начин (ВИДЕО)

Ноември ќе го искомплицира животот на овие три хороскопски знаци

user2

Братот на Меган тврди дека татко им е лут што не можат да контактираат