Забава МАГАЗИН

Алиша Кис, Џон Леџенд и Ашер ќе пејат на концертот во чест на Принс

Повеќе од десетин ѕвезди ќе настапат на концертот во чест на музичката легенда Принс, два дена по доделувањето на Греми, објави CNN. Концертот „Let’s Go Crazy: The Grammy salute to Prince“ ќе се одржи на 28 јануари во Лос Анџелес.

Ѕвездената постава на изведувачи, кои ќе пејат во чест на Принс, се состои од: Џон Леџенд, foo Fighters, Алиша Кис,Хуанс, Coldplay, и Eart, Winf & Fire, како и многу други.

Пејачот на хитот „Purple Rain“ освои седум Греми, а за наградата бил номиниран 38 пати, објави американската Академија за дискографска уметност и наука.

Принс почина на 21 април 2016 година, неколку недели откако најави дека ќе ја објави автобиографската книга.

Неговата автобиографија „The Beautiful Ones“, објавена минатата година, е комбинација од неговата недовршена книга со оригинални фотографии, записи од бележниците и текстови од песни.

Поврзани вести

Три хороскопски знаци кои никогаш нема да ви наштетат

Елена Даскалова

Познати личности кои нè напуштија во 2019

Елена Даскалова

На овој прекрасен медитерански остров ќе ви ги вратат парите доколку врне

Како ќе знаеме дали е хотелот чист по пандемијата?

Stefanija Kuzmanovska

Рецепт за англиска пита кој е најпребаруван на Гугл за 2019

Елена Даскалова

Крис Нот стана татко по втор пат

Кристина Денесовска