Здравје и Храна МАГАЗИН

Алкохолот неповолно влијае врз вашиот тен

Во пресрет на предновогодишните прослави, како и дочекот на Новата година, еден шведски бренд за козметика потсетува дека алкохолот ја уништува кожата и дека мора да бидеме умерени во консумирањето.

Според институтот ФОРЕО од Стокхолм, каде се развиваат нови и напредни козметички производи, алкохолот е еден од најголемите виновници за несакани траги на лицето, од кои на прво место е текилата, а потоа се вотката, пивото и виното. Оттаму откриле дека постои нешто што се нарекува мамурлак на кожата, а сигурно и самите сме го забележале кај себе секогаш кога ќе испиеме некоја чашка повеќе.

Најголеми непријатели на кожата се текила, вотка, пиво, бело вино и црно вино, а на врвот е и „кралот“ на прославите – шампањот.

Пивото предизвикува потекување на кожата, по црвеното вино може да забележите иритации на кожата, црвенило се појавува после белото вино, а жестоките пијалаци како вотка и текила може да предизвикаат појава на акни.

Поради тоа, мора да бидете внимателни со испиените количини, потсетувајќи се секогаш дека секоја испиена чашка влијае негативно врз изгледот на вашето лице.

Поврзани вести

Премиера на последниот дел од Војна на ѕвездите

Кристина Денесовска

Меган Маркл: Не може законски да не спречат да го користиме зборот „кралски“

Влатко Зорба

Амарант – житарица која е извор на здравје

Елена Даскалова

Дали знаете колку чини најпопуларниот фустан на светот?

user2

Мек гриз-колач за сите љубители на десерти

Елена Даскалова

Во овие хороскопски знаци е најтешко да се вљубите

Stefanija Kuzmanovska