Забава МАГАЗИН

Анџелина Џоли донираше милион долари за децата погодени од коронавирусот

Анџелина Џоли се грижи за децата на кои им се потребни оброци за време на пандемијата, пишува People.

Оскаровката и активистка донирала еден милион долари за организацијата No Kid Hungry, која дистрибуира помош за заедниците да можат да ги нахранат децата кои се потпираат на ручекот во училиштата.

„Од оваа недела преку милијарда деца се вон училиштата, бидејќи се затворени. Многу деца зависат од грижата и исхраната која ја имале во училиштата, вклучувајќи скоро 22 милиони деца во Америка на кои им е потребна храна. No Kid Hungry вложува напори да ја осигура потребната храна за што поголем број на деца“, рекла Џоли во својата изјава.

Оваа донација не е единствениот начин на кој Џоли помага. Таа донираше и на Агенцијата за бегалци на Обединетите народи и прато поддршка до училиштата кои ги финансира во Авганистан, Камбоџа, Кенија и Намибија, со цел да се осигура дека ќе продолжат со наставата за време на пандемијата.

Поврзани вести

Часот на раѓање одредува каква личност сте

user2

Коронавирус: Зошто СЗО апелира да не ги допираме очите?

Елена Даскалова

Децата се се помалку физички активни

Тирамису со рум, рецепт кој сите го сакаат

За малку избегната страшна несреќа на концертот на Северина во Белград

Елена Даскалова

Игнатовден, обичаи и верувања: Што ќе правите денес, ќе правите и цела година

Елена Даскалова