МАГАЗИН

Андреа Бочели во недела настапува во празна катедрала во Милано

Италијанскиот тенор Андреа Бочели в недела на Велигден ќе настапи во катедралата во Милано, која ќе биде празна, а настапот ќе се пренесува преку Јутуб.

„Пред неколку дена го повикав Бочели. Тој потврдно одговори: значи дека ќе биде во Милано за Велигден во 19 часот во празната катедрала, тој ќе пее церемонијална музика“, најави градоначалникот на Милано, Џузепе Сала.

Градоначалникот истакна дека катедралата во Милано ќе биде празна, но преку директниот пренос неговиот глас ќе го слушне целиот свет.

Италија е држава со најголем број починати од коронавирусот – 16.523, со повеќе од 132.000 заразени.

Поврзани вести

Совршеното тело не го прикри фактот дека лицето го деформирала со пластични операции

Таткото на Меган Маркл е разочаран од нејзината одлука

Лекции кои Скорпијата ќе ги научи од годината што изминува

Кристина Денесовска

Здрава пица со подлога од карфиол наместо тесто

Елена Даскалова

Трубач во Милан засвире на прозорецот и разнежни многумина

Кристина Денесовска

Пинк одлучи да напише писмо до себе си