Забава МАГАЗИН

Анистон имала лажен профил на Инстаграм

Актерката Џенифер Анисстон неодамна направи Инстаграм профил и предизвика големо внимание на јавноста, бидејќи во рекорден рок доби милион следбеници, а неколку дена потоа, во емисијата „Во живо со Џими Кимел“ призна дека едно време имала лажен профил.
– Во периодот кога размислував да се приклучам во Инстаграм заедницата, сфатив дека пред сè морам да го разберам тој свет на друштвени мрежи пред да се влезам во него – изјави Анистон.
Бизнис инсајдер пишува дека актерката не е прва позната личност која користела лажен прпфил на социјалните мрежи. Нејзината имењачка Џенифер Лоренс минатата година изјави дека нема јавен профил на социјалните мрежи, но дека таму е нем набљудувач.
Не е познато колку славни личности ги корисат социјалните мрежи на начин на кој тоа го правела Анистон. Она што е сигурно е дека нејзината стратегија е успешна, бидејќи Анистон на Инстаграм за неколку дена достигна до 15 милиони следбеници.

Поврзани вести

Што ни носи ретроградниот Меркур?

Кристина Денесовска

Чиле ќе издаде „светски пасош“ за лицата негативни на Ковид-19

Неделен хороскоп за период од 2 до 8 март

Научно објаснување зошто една од бабите е понаклонета кон внуците

Елена Даскалова

Бон Џови со нов сингл го најави претстојниот албум (ВИДЕО)

Елена Даскалова

Сите ги сакаме: Миризливите свеќи може сериозно да му наштетат на организмот

user2