Забава МАГАЗИН

Балашевиќ добро закрепнува по операцијата за вградување стентови

Пејачот Ѓорѓе Балашевиќ добро закрепнува по операцијата за вградување стентови, но лекарите уште не дозволуваат семејството да дојде во посета.

Тој лежи во болницата во Сремска Каменица, каде трае неговото болничко лечење. Лекарите се оптимисти во врска со неговото здравје, но сепак ја почитуваат приватноста на пејачот и на неговото семејство.

Извор близок до семејството Балашевиќ за српските медиуми потврдил дека на пејачот му се вградени два стента, но дека тој мора да остане под лекарски надзор, на интензивна нега. Балашевиќ е свесен што му е случило и одлично го прифатил тоа, подготвен и понатаму да ги следи препораките на лекарите за поздрав и подобар живот.

Тој имал среќа што организмот му е силен и здрав, па лесно ја поднел операцијата. Но, самиот факт што всушност се работи за ризична состојба го вознемирило неговото семејство, особено сопругата Оливера. Тие не откриваат никакви детали во јавноста, туку соопштуваат само најважни информации, а тоа е дека пејачот се чувствува здраво и стабилно.

Поврзани вести

Бен Афлек прозборе за проблемите со алкохолот и разводот

Кристина Денесовска

Роуз Мекгоун: Активизмот на Натали Портман е погрешен и бизарен

Елена Даскалова

Никогаш не јадете спанаќ кога не му е сезона

user2

Карди Би му ја приреди најлудата роденденска забава на својот сопруг

Кристина Денесовска

Како да го исчистите златниот накит во домашни услови?

user2

Необична торба за новата есен/зима сезона

user2