Забава МАГАЗИН

Бекамови за Божиќ ќе ги крштеваат синот и ќерката

Освен што ќе ги слават божикните празници, семејството Бекам се подготвува за крштевање на синот Круз Давид(14) и Харпер (8). На братот и сестрата куови ќе им бидат актерката Ева Лонгорија и режисерот Гај Ричи.

Синовите Бруклин Жосеф (20) и Ромео Џејмс (17) се веќе крстени, а нивниот семеен пријател и пијанист Елтон Џон им беше кум. По церемонијата, семесјтвото ќе одржи забава, а меѓу гостите ќе бидат и Лив Тајлер и Дејвид Фрниш како и многу други.

View this post on Instagram

Happy Sunday xx Kisses from the sunshine 🇺🇸 X VB x

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on

И покрај тоа што му ги прости многуте неверства, Викторија и фудбалерот во пензија се едни од најпознатите парови во светот. Заедно се 20 години, проживеале многу скандали, афери, неверства, сломови, кризи. Врската ја започнаа тајно. Со Дејвид го изневеруваше тогашното момче Стујард Билтон, а Дејвид го држеше подалеку од јавноста.

Но, се чини дека овој брачен пар функционира одлично и покај се. Поранешната Спајс девојка во интервју откри кој е нивниот рецепт за совршен брак. Викторија објаснила дека нивниот живот се врти околу четирите деца.

– Децата ни се приоритет. Се што правиме се врти околу нив. Двајцата го сакаме она што го работиме и се цениме меѓусебно. Среќни сме што растеме заедно – изјавила Викторија и објаснила дека нивната љубов била на прв поглед.

Викторија и Дејвид прв пат се бакнаа на јавен паркинг во Лондон, а таа не беше ни свесна со колку жени ќе мора да се бори за да го задржи Дејвид.

– Коминикацијата е клуч на успехот, многу разговараме со децата и ја сакаме нашата фамилија. Многу ни помагаат и нашите родители – заклучила Викторија која открила дека таа и сопругот секојдневно делат производи за нега на лицето.

Поврзани вести

Изненадување кое четири пријателки ќе го паметат цел живот

Елена Даскалова

Една грешка која сите ја прават при јадење овошје

Животните навики на Џенифер Анистон

Како самите дома да направите бадемово млеко?

Елена Даскалова

Едноставно решение за желудечните проблеми на вашиот миленик

Кристина Денесовска

Кои хороскопски знаци први го напуштаат родителскиот дом