Забава МАГАЗИН

Били Ајлиш првпат ја изведе „No Time To Die“ во живо (ВИДЕО)

На вчерашното доделување на Брит-музичките награди, Били Ајлиш за првпат ја изведе во живо носечката тема за следниот филм за Џејмс Бонд.

Во придружба на оркестар, со брат ѝ на клавијатури, Били пред многубројната публика беспрекорно ја отпеа „No Time To Die“, на што присутните не можеа да останат рамнодушни.

Воедно, таа ја доби и наградата за најдобра светска музичарка, при што кажа:

– Морам да ви кажам нешто што ми текна вечерва. Неодамна се сетив дека многумина ме мразат, а кога се искачив на сцената и ве видов сите вас како ме гледате со насмевка, тоа ме наведе на солзи и чувствувам дека сега би можела да заплачам. Така што, ви благодарам – изјави Били во својот емотивен говор.

Поврзани вести

Кетрин Зета Џонс покажа како изгледа без грам шминка (ФОТО)

Елена Даскалова

Подгответе вкусни лазањи од палачинки

Ефтин и лесен ролат со кафе

Семејните тајни на Џенифер Анистон

Елена Даскалова

Прва средба на кралицата и Хари по „мегзит“

Мафини од тиква

Кристина Денесовска