Забава МАГАЗИН

Били Ајлиш триумфираше на годинашните Греми награди

Церемонијата на доделување на Греми наградите се одржа во Стејплс-центарот во Лос Анџелес, а музичарите оваа година се бореа за златниот грамофон во повеќе од 80 категории.

Младата музичка ѕвезда Били Ајлиш ги зема наградите во најпрестижните категории и тоа во Песна на годината и Сингл на годината, каде прогласена за најдобра беше „Bad Guy“. Не изостана ниту наградата за Најдобар нов изведувач, како и за Албум на годината и Најдобар поп-албум, за албумот „When We All Fall Asleep, Where Do We Go?“

Новата музичка ѕвезда Лизо победи во категоријата Најдобра соло изведба со песната „Truth Hurts“, Најдобра традиционална Р’н’Б песна за „Jerome“, како и наградата за Најдобар урбан албум за „Cuz I Love You (Deluxe)“. Најдобра поп дуо или бенд изведба е „Old Town Road“ на Лил Нес и Били Реј Сајрус.

Целосната листа со победници на Греми наградите можете да ја погледнете ТУКА.

Поврзани вести

Жестоки провокации меѓу Голубовиќ и Станија: „Сега е време за мене да изнудам пари од тебе“

Ѕвездата на „Big Little Lies“ призна: Бев многу, многу болна!

Влатко Зорба

Што точно треба да јадете пред, за време и по тренингот

Кинески хороскоп за 2020 година – година на Стаорецот

Кристина Денесовска

Залудно се обидувате да го излажете овој хороскопски знак

Армани донираше за италијанските болници во време на коронавирус