Забава МАГАЗИН

Били Ајлиш турнејата ја започна со желба за подигнување на свеста за прифаќање на своето тело

Били Ајлиш ја започна својата прва турнеја во Мајами. На почетокот на настапот 18-годишната Ајлиш ја соблече маичкаа сакајќи да ја подигне свеста за прифаќање на своето тело.

Обожавателите го фатиле моментот кога сето тоа се емитувало на големите екрани во салата. На снимката се гледа како Били ја соблекува маичката и останува само во црн градник на сцената.

„Некои го мразат тоа што го носам, некои го фалат, а некои го користат само за да посрамотат некој друг или мене, но чувстувам како ме гледате, секогаш и ништо што правам не останува незабележано. Па така, додека ги чувствувам вашите погледи, вашето неодобрување или воздишки, да ги доживувам, никогаш не би можела да се мрднам“, рекла пејачката, пренесува Entertainment Tonight.

„Доколку носам она што е удобно, не сум жена. Доколку носам провокативна облека, сум проститутка. Иако никогаш не сте го виделе моето тело, сепак го отценувате и судите. Зошто?“, продолжила.

„Изнесуваме претпоставки за луѓето врз нивниот изглед. Ние одлучуваме кои се тие, одлучуваме што вреди. Доколку носам повеќе или помалку, кој одлучува што ме прави она што сум? Што значи? Се темели ли мојата вредност на вашата перцепција? Или вашето мислење за мене не е моја работа?“

Били често носи вреќасти пантолони или маички, а фановите ја сакаат поради тоа. Меѓутоа, во својата изјава јасно порачала дека поради тоа и ја критикуваат. На публиката ѝ се допадна овој нејзин потег, па ја награди со громогласен аплауз.

Поврзани вести

Манекенката Хајди Клум стравува дека е заразена со коронавирусот

Кристина Денесовска

Зошто кучето се смета за најверен пријател на човекот: Ротвајлер лежел три дена до својот починат сопственик

„Викторијас Сикрет“ потпиша договор со првата “раскошна“ манекенка

user2

Беатрис ја откажа веридбата поради скандалот на принцот Ендрју

Природен лек кој може да ги ублажи првите симптоми на Ковид-19

Неделен хороскоп: Јарецот задоволен, бикот подобрен