Дом и дизајн МАГАЗИН

Боите на есента во вашиот дом

Веќе е сосема очигледно дека есента стапи на сцена, па менувањето на природата ни дава до знаење дека сме во едно од најубавите годишни времиња. Токму сега е одлична можност, кога природата ни дава прекрасни декорации да ги искористите за украси во својот дом. Покрај тоа што за нивно правење потребни ви се само неколку минути, повеќето од деталите ви се достапни бесплатно, додека шетате во природа.

1. Вазна со хортензии – иако хортензиите се пред сè летно цвеќе, овие денови пред да завршат со вегетација се во буен цвет. Во разни бои – од зеленкасти до темноцрвени тонови. Затоа лесно можат да се вклопат во било кој простор, а доброто е што и суви нема да изгубат од убавина. Можете да ги држите во вазна без вода со месеци, само да ги заштите со лак за коса за да не им паѓаат цветовите.

2. Чинија со украсни тикви – полињата, пазарите и некои пиљари изобилуваат со тикви во разни сорти и бои. Од нив можете да направите превкусни јадења, но можат да бидат и одлична декорација. Посебно ефектно ќе изгледаат ако ги групирате на дрвена чинија или послужавник, бирајќи разни облици, бои и величини. Тоа може да биде средишна декорација на кујнската маса или пак во дневната соба, а подеднакво ефектни ќе бидат и покрај прозорецот.

3. Стаклена вазна со костени и желади – во тек на прошетка низ парк или шума на трева можете да најдете изобилие од диви костени и желади, а токму тие можат да послужат как оедна од наједноставните есенски декорации. Соберете ги во стаклена вазна или поширок сад, а ако сакате модерен изглед, изберете четириаголна вазна. За да ја „разбиете“ монотинијата од кафеава боја, додајте и некои есенски бобинки и друго што можете да најдете.

4. Венец од шипинки – ако на своите гости сакате да им посакате добредојте или пак едноставно самите да уживате во погледот на уникатен венец секојпат кога ќе дојдете дома, направете венец од гранчиња шипинки. Сè што ви е потребно е малку градинарска жица, ножици и база за венец која може да е изработен од прачки или цвеќарски сунѓер. Во сунѓерот набоцкајте ги гранчињата додека го добиете саканиот изглед. Ако е од прачки, прво групирајте ги во мали букетчиња, за полесно да ги врзете за базата и да добиете пополнет изглед на венецот. Еднаш кога ќе го добиете саканиот изглед, додајте украсна лента и обесете го на врата. Како ќе се сушат шипинките, така венецот ќе го менува обликот и ќе дава мирисни ноти.

5. Ерика во сите бои – еден од првите знаци на есента е присуството на ерика на пазарите. Ова растение со ситни цветови го има во бела, виолетова, розова и црена боја, поради што е совршено за декорирање на интериерот. Ако ги групирате неколку бои ќе добиете прекрасен аранжман.

Поврзани вести

10 знаци кои укажуваат на тоа дека ви треба преглед кај гастроентеролог

Со сода бикарбона против непријатните подочници

user2

Како да се храните според типот и обликот на вашето тело?

Елена Даскалова

Аки Рахимовски стана татко

Кристина Денесовска

„Си било еднаш во Холивуд“ ќе биде одново реализиран со нови сцени

user2

Како работата за викенд влијае врз вашето ментално здравје?

user2