Забава МАГАЗИН

Бора Чорба ги демантира гласините дека е тешко болен

Српскиот рокер, Бора Чорба, реагираше на написите дека има рак, и кажа дека „Рибја Чорба“ подготвува голема турнеја, односно ниту еден настап не е откажан. Написот дека боледува од рак на простата и наскоро заминува на лечење, се појави во списанието „Свет“ и за кратко време  беше пренесен како информација ширум Балканот.
„Бора пред некое време дозна дека е болен и единствено решение е операција“- меѓу другото беше наведено во изјавата од неименуван извор.
Фронтменот на групата „Рибја Чорба“ со кратко соопштение реагираше за ова и за други наводи во текстот:
„Рибја Чорба не откажа ниту ќе откаже ниеден настап. Напротив веќе на 7ми декември сме во Минхен, а во подготовка е голема турнеја. Закажани се датуми и за американскиот дел. Веста за откажување на концертите е злонамерна со тенденција да ни ги обезвредни прекрасниот албум „Да тебе није“, внесе несигурност кај нашите обожаватели и да ги обесхрабри организаторите. Исто така злонамерно е напишано дека бараме некакви пари. Им благодарам на сите кои понудија парична помош, но пари не ни се потребни. Сите во бендот сме здравствено осигурани.“ На крајот Бора истакнува:
„Не сум тешко болен, што се виде по успешната турнеја низ 25 градови, а особено по последните два – 13ти септември воЉубљана и 5ти октомври во Виена. Свириме и пееме подобро од било кога. Верувам дека ваквите дезинформации се обид за саботажа од некои лоши луѓе“.
Во име на „Рибја Чорба“ Бора Ѓорѓевиќ.

Поврзани вести

Странски медиуми: Овие холивудски заводници се вистинско разочарување во креветот

Stefanija Kuzmanovska

Мурал за Грета ќе осамне во Сан Франциско

Елена Даскалова

Зошто Жоакин Феникс ги обожава „откачените“ улоги?

Елена Даскалова

Домашен лек за смирување на надразнетото грло (РЕЦЕПТ)

Елена Даскалова

Украинска водителка остана без заб во директен пренос (ВИДЕО)

Цели 10 години Шварценегер го криел вонбрачниот син