Забава МАГАЗИН

Бора Ѓорѓевиќ оди на лекување

Веќе подолго време во српските медиуми се шпекулира дека Бора Ѓорѓевиќ се бори со опасната болест и дека е на лекување, а сега фронтменот на култниот рок бенд Рибја Чорба, потврди дека моментално се лекува, не прецизирајќи од што.

– Во Љубљана сум, се лекувам и не давам интервјуа – кратко порачал за Глорија.

– Седум дена му е добро, па потоа неколку му е лошо, па поради тоа не можеме да го прецизираме датумот за промоција. Бора сака да ги претстави новите песни по секоја цена. Поради тоа и свирките ги сведовме на две-три месечно – додал Бане Обрадовиќ, менаџер на составот.

Како што пренесува неделникот, ова не е прв пат Бора да се соочува со здравствени тегоби. Долго време имаше проблеми со ‘рбетот, а за време на кариерата доживуваше бројни падови и скршеници, некои од нив и на самата сцена.

За потсетување, во октомври минатата година, извор за Свет изјави:
„Бора полека ќе престане да настапува поради рак на простатата. Тој неодамна сфати дека е болен, а итно му требаат пари за лекување. Единствено решение е операција. Најважно е тоа што Бора одлучи да се лекува, па се надеваме дека наскоро ќе го победи и ова“.

Поврзани вести

Фановите загрижени за Новак Ѓоковиќ

Кристина Денесовска

Фановите го искритикуваа лошиот фотошоп на Бела Хадид

Необични таленти на познатите личности

user2

Зошто романтичните филмови не се здрави за вашата врска

Грешки кои ги правите при користење на обилниот, а можат скапо да ве чинат

7 совети за грижа за вашето милениче во текот на пандемијата