Забава МАГАЗИН

Бред Пит го остава актерството и станува пчелар

Актерот Бред Пит е еден од најпочитуваните во неговата индустрија и со неговите славни улоги е испишан во историјата на холивудскиот филм.

Сепак, тој изгледа дека решил да сврти нов лист и да започне да се занимава ни повеќе ни помалку туку со пчеларството, пренесува таблоидот „National Enquirer“. Него со овој бизнис го запознал неговиот пријател и колега Леонардо Ди Каприо.

– Тој целосно полуде за тоа, дури и изгради огромни кошници за пчели во градината на неговиот дом во Лос Анџелес – откри изворот и додаде дека Бред Пит е презаситен со глума, со која се занимава со години, но и папараците и светлата на рефлекторите.

– Тој тврди дека глумата е за некои помлади генерации. Сега му треба нешто посмирено и останува само прашање на време пред да му каже „збогум“ на Холивуд и да се посвети на своето омилено хоби, пчеларството – вели неименуван извор близок до актерот за споменатото списание.

Поврзани вести

Холивуд ги менува секс-сцените со компјутерски слики

Stefanija Kuzmanovska

Принцот Хари ја изгуби правната битка со британски таблоид

Викенд хороскоп: Време е за значајни промени

Елена Даскалова

Уметник тврди дека „киднапираната“ статуа на Банкси е негова?

Елена Даскалова

Актерската ѕвезда од 90-тите денеска не личи на себе (ФОТО)

Елена Даскалова

Почина познатиот ТВ-готвач, Гери Родос