Забава МАГАЗИН

Бред Пит призна дека 20 години не плачел

Во разговор за магазинот Interview, кој го водел со неговиот колега Антони Хопкинс, Бред Пит зборувал и за своите емоции, а тоа негово отстапување изненади многумина.

55-годишниот Бред Пит на својот 81-годишен колега Антони Хопкинс отрки дека е поприлично познат како „човек без емоции“.

– Немам плачено можеби 20 години, но во последно време забележувам дека некои работи лесно допираат до мене. Емоциите ми се раздвижуваат кога децата ќе направат нешто, кога ќе слушнам некои вести… Едноставно се допира до мене – призна Пит кој со својата поранешна сопруга има шест деца – Медокс, Пакс, Захара, Шајло и близнаците Кнокс и Вивиен.

Како што признал, тој мисли дека тоа е добар знак дека конечно се „поврзува“ со своите емоции.

– Не знам каде води сето тоа, но мислам дека е добар знак. Се обидувам да си простам себеси за лошите избори кои сум ги направил и на кои не сум ниту малку горд, да ги ценам сите моменти бидејќи ме донеле до некои мудрости, а кои ме довеле до нешто друго – рекол Пит.

Поврзани вести

Вселенската агенција бара испитаници кои ќе лежат во када пет дена

Кристина Денесовска

Салата по рецепт на Најџела Лосон која со часови останува свежа

Елена Даскалова

Митови и заблуди за коронавирусот

Елена Даскалова

Бред Пит ќе дизајнира одела за Бриони

Кетрин Зета- Џонс и Мајкл Даглас прославуваат 19 години брак

Еванџелин Лили се извини за арогантните коментари за коронавирусот