Здравје и Храна МАГАЗИН

Бременост по 35-та? За овие „нуспојави“ ретко се зборува

За ризиците за бременоста во четвртата деценија од животот сите сме свесни, а особено жените кои се решиле на таков чекор. Тие сигурно се консултирале со своите матични гинеколози, но она што сигурно не го бараат се бабините деветини и „добронамерните“ совети на околината.

Жените кои забремениле по 30-та, а особено по 35-та година од животот постојано се „бомбардирани“ со приказните за ризична бременост, тешко зачнување, зголемен ризик за спонтан абортус или предвремено породување, како и за тешко постпородилно закрепнување.

Секако, сосема е нормално да се зборува за овие можни проблеми, но медицината е доволно развиена за да може и жените во 4-та и 5-та деценија да износат нормална бременост и да родат здрави деца.

Но, ова се „нуспојавите“ за кои малку се зборува:

– Постои голем ризик да се изнервирате кога ќе чуете нечиј бисер на мудроста за мајките постари од 35 години

– Свесни сте за ризиците, но и за предностите: постабилни сте како личност, позрели и финансиски сигурни

– Иако имате 35-36 години, често ќе ве споредуваат со трудниците помеѓу 40-50 години

– Исцрпени сте од слушање најразлични приказни од типот на „на братучетка колешката роди на 38 и…“

– Верувале или не, дозволено е да бидете среќни поради својата блажена состојба

– Внимавајте да не ви се „заглават“ очите од превртување на секој коментар за „староротки“

– Се чувствувате како да треба да се приклучите во циркус или во зоолошка градина, затоа што тие околу вас се однесуваат како да сте првата жена во светот која останала бремена по 30-тата

Поврзани вести

Домашните мачки можат да се заразат со Ковид-19

Новиот филм на Пиксар забранет во неколку земји поради една реченица

Дали спасот за планетата е луѓето да престанат да се размножуваат?

Кристина Денесовска

Поради политичките препукувања, Сара Џесика Паркер забрани коментари за „Медена земја“

user2

Што може да се случи доколку секојдневно користите јаболков оцет

Со каква диета Адел успеа да ослабне 30 килограми?

Влатко Зорба