Забава МАГАЗИН

Брук Шилдс во бикини го честита Денот на независноста на САД, фановите воодушевени (ФОТО)

Актерката Брук Шилдс, една од најубавите актерки која се прослави со нејзината улога во познатиот филм „Плава лагуна“, покажа на 56-годишна возраст дека времето застанало за неа.

Во бикини со американско знаме, таа го честита Денот на независноста, односно 4 јули, но малкумина можеа да ги тргнат очите од затегнатото тело и рамен стомак.

Иако во шестата деценија, Брук сепак плени со својот изглед, а позираше покрај базенот во нејзината вила во луксузното одморалиште „Хемптонс“ во Њујорк, каде ужива со семејството, сопругот и ќерките.

Затегнатите нозе, стомак кој секој го посакува, извежбано тело и природните облини предизвикаа восхит кај жените и мажите, а Брук имаше многу што да покаже.

Возраст дефинитивно не е нејзин непријател, ниту е целулит, а како што излезе од базенот, изгледаше опустошено.

Брук е во брак со сценаристот Крис Хенчи (56) од 2001 година и тие имаат две ќерки, Роан (17) и Гриер (14).

 

Поврзани вести

Бредли Купер и Џенифер Гарнер сепак не се само пријатели

Stefanija Kuzmanovska

Ролинг Стоунс ја откажаа турнејата поради коронавирусот

Откриено кој е најупотребуван збор за 2019 година

Шокантни детали од животот на Робин Вилијамс

Влатко Зорба

Кели Роланд за соработката со Бијонсе: Тоа беше мачење!

Влатко Зорба

Посен солен ролат со спанаќ

user2