МАГАЗИН Патувања

Чекирањето на патници ќе трае и по четири часа по укинување на карантинот?

По укинувањето на карантинот, и се отворат границите и авионите повторно ќе почнат да летаат, влегувањето во авионите заради медицинските прегледи би можело да трае и до четири часа, предупредуваат експертите.

Според британски Мирор, патниците би можеле да чекаат долго за да се качат, а се претпоставува дека ќе бидат потребни пет години се додека сè не се врати во нормала, како пред појавата на корона пандемијата. Воздухопловната индустрија претрпе најголема штета бидејќи сите комерцијални летови се суспендирани, а патниците ќе бидат принудени на „непријатни“ услови за патување по укинувањето на карантинот.

Патниците ќе треба да носат маски, а повеќето авиони ќе бидат исполнети со капацитет од 20 проценти. Според експертите, дури и ако вакцината се најде вечерва, ќе бидат потребни најмалку две години да се врати се во нормала.

„Летовите ќе бидат ретки, неколку места на располагање, цените ќе бидат повисоки и ќе се патува под некомфорни услови поради носење заштитна опрема и социјална дистанца“, велат експертите.

Бројот на Британци кои користат автомобили никогаш не бил поголем од избувнувањето на епидемијата, пишува „Мирор“, потсетувајќи дека владата соопштила дека мерките нема да бидат олеснети се додека не се увери дека нема да има втор бран.

Поврзани вести

Опседнат обожавател ја вознемирувал Кајли Џенер

Влатко Зорба

Почина Тери Џонс, ѕвездата на „Монти Пајтон“

Елена Даскалова

Што е неопходно да знаете пред да полетате со авион?

user2

Хилари Клинтон: Сакам да ја прегрнам Меган Маркл

Елена Даскалова

Вајнштајн во затвор каде е сместен убиецот на позната музичка ѕвезда

Бијонсе повторно направи модно промашување (ФОТО)

Елена Даскалова