Забава МАГАЗИН

Чорапи на Мајкл Џексон се продаваат за 97.500 долари

Личните предмети на Мајкл Џексон повторно се најдоа на аукција. Минатата година негова јакна е продадена за 300.000 долари, а сега moonwalk-чорапите бараат свој нов сопственик.

Нивната почетна цена е 97.500 долари. Првпат вакви чорапи тој носел во 1983 година. Еден пар е на продажба, а ќе ги купи оној кој ќе понуди највисока сума.

Има голем интерес за аукциите на кои се продаваат предмети на познати личности, а едно од парчињата кои привлекуваат најмногу внимание е и фустанот на Мерилин Монро, кој го носела кога соопштила дека раскинала со бејзбол-легендата Џо Димаџо. Почетната цена е 100.000 долари. Претходно, фустан на Монро беше продаден за 4,8 милиони долари и тоа токму оној во кој ја отпеала „Happy birthday“ за Џон Кенеди.

Високи цени достигнуваат и фотографии од популарни личности, а најскапа досега била слика на Битлси, од настапот во вашингтонскиот Колосеум, од 1964 година, продадена по цена од 290.000 евра.

Поврзани вести

Мајли Сајрус во новата година со нов имиџ

Отекувањето на нозете е симптом на сериозни здравствени нарушувања

Елена Даскалова

Авичи доби музеј во Шведска

Влатко Зорба

Академијата објасни зошто Лук Пери не е споменат во Ин Меморијам на Оскарите

Кристина Денесовска

Миа Калифа донираше 100.000 американски долари на либанскиот Црвен крст

Влатко Зорба

Мистериозен среќник од Аризона освои џекпот во висина од 410 милиони долари