Забава МАГАЗИН

Црна Гора нема да учествува на Евровизија 2020

Црна Гора нема да учествува на изборот за песна на Евровизија 2020, што ќе се одржи во Ротердам, Холандија, наведува ESC Today, повикувајќи се на РТЦГ.

Наводно, Црна Гора го пропуштиле рокот да потврдат дали и оваа година ќе учествуваат, потоа им бил даден дополнителен рок, но на крај сепак, тоа нема да се случи.

Од РТЦГ навеле дека направиле сè што е во нивна моќ да ја финализираат апликацијата за учество, но нештата не оделе како што тие планирале.

Црна Гора како самостојна република дебитираше на Евровизија 2007, во Хелсинки. Оттогаш учествувале неколкупати, немаат освоено значаен пласман, а често и „прескокнуваат“ и по неколку години до следно учество.

На Евровизија 2019 се претставија со песната „Heaven“ на бендот Д-Мол.

Поврзани вести

Лепа Брена и Нина Бадриќ открија во какви специјалитети уживаат на одморот на хрватскиот брег (фото)

Никола Поповски

Honey Dearest – нова песна на Clashing Colours

Stefanija Kuzmanovska

Колку долго може човек да преживее на секоја планета од Сончевиот систем?

Влатко Зорба

Не е сеедно во кој период од денот земате пробиотик

Елена Даскалова

Здрава пица со подлога од карфиол наместо тесто

Елена Даскалова

Салата идеална за посна слава: Мексиканска домашна