Здравје и Храна МАГАЗИН

Децата единци имаат се склони кон дебелеење

Дебелината е се поголем здравствен проблем во светот, а особено ризична група се децата. Се разбира, за нивната правилна исхрана најодговорни се родителите, а се чини дека токму тие се главните виновници затоа што децата единци имаат поголем ризик од прекумерна тежина. Овие заклучоци се резултатот на едно истражување објавено во магазинот Journal of Nutrition Education and Behavior.

Истражувачите од мајките побарале три дена во неделата (два работни и еден во викенд) во дневник за исхрана да пишуваат што јаделе нивните дева, а истата задача ја добиле учителите во школите.

Освен тоа што се покажало дека децата кои немаат брат и/или сестра имаат полоши навики на исхрана, поголем пристап до нездрави намирници, но и дека се помалку физички активни. Интересно е тоа што и нивните мајки имаат поголема тежина во споредба со мајките на повеќе деца Конкретно, меѓу единците кои учествувале во ова истраживање, дури 37 % од нив биле со поголема тежина во однос на оние 5% од бројните семејства.

Авторката на студијата, др. Челси Л. Карчт смета дека објаснувањето лежи во тоа што на семејствата со повеќе деца им е потребно планирање на оброците.

– Таквите семејства често јадат дома, па така помалку консумираат брза храна – објаснила докторката.

Со ова се сложуваат и педагогот Натали Мут која нагласува дека ова подрачје бара поголеми исражувања.
– Единците најверојатно се некако повеќе изложени на храна или помалку активни бидејќи немаат врсници кои живеат со нив со кои би си играле – заклучила Натли Мут.

Поврзани вести

Рецепт за највкусниот празничен џин-пунч

Елена Даскалова

Грешки кои ги прават родителите, а кои можат да имаат лош ефект врз нивните деца!

Stefanija Kuzmanovska

Како правилно се користи маслото од кантарион?

user2

Како витаминот Д влијае врз болните од рак?

Елена Даскалова

Том Хенкс повторно се јави од карантин и упати важна молба

Кристина Денесовска

Принцот Чарлс има коронавирус, Камила не е заразена