Забава МАГАЗИН

Деми Ловато во изолација со новото момче

Деми Ловато повторно е во среќна врска, пишува Elle.

Имено, како што рекол извор близок до пејачката за E!, Деми неколку недели е во врска со актерот Макс Ехрич, познато по улогата во The Young and the Restless.

„Деми и Макс се заедно во карантин во нејзиниот дом. Двајцата многу добро се сложуваат и среќни се. Макс не сака забави и важен му е здравиот живот па тоа добро влијае на Деми“, рекол изворот.

Иако официјално не ја објавија врската, Макс објави фотографија под која напиша: „Ова кога ќе сфатиш дека си требал да спакуваш повеќе облека за карантин на гости“, а Деми во коментар му порачала дека тоа ѝ одговара.

Освен тоа, Макс објави фотографии со кучињата на Деми, што дополнително го потврдува фактот дека тие заедно ја поминуваат изолацијата.

Поврзани вести

Голем ЉУБОВЕН ХОРОСКОП за ноември 2019

user2

Три хороскопски знаци кои најмногу покажуваат емпатија

Елена Даскалова

Жителите на Халштат веќе не сакаат туристи во своето село

Елена Даскалова

Месечен хороскоп за ноември: Биковите сакаат љубов, а не минливи авантури

Влатко Зорба

Како да се преживее раскинувањето? Овие жени тоа го знаат

user2

Тејлор Свифт триумфираше на АМА наградите