Здравје и Храна МАГАЗИН

Децата родени наесен се почувствителни на алергии на храна

Децата родени наесен се почувствителни на алергии на храна и на болестите кои тие ги предизвикуваат, се посочува во ново истражување објавено во американскиот Журнал за алергии и имунологија.

Д-р Џесика Хуј од институтот Национално еврејско здравство, инаку водечка авторка на трудот, вели дека алергиите најчесто се прикажуваат во облик на сува кожа, но тоа може да премине и во друга форма.

– Го испитуваме секое дете што се лекува во нашата болница и дојдовме до заклучок дека родените наесен е многу поверојатно да го искусат она што се нарекува атописки марш. Сега се обидуваме да откриеме зошто е тоа така и цврсто веруваме дека тоа доаѓа само од бактериите на кожата, смета д-р Хуи.

Атопискиот марш ја означува промената на обликот на алергија, како што бебето расте. Во подоцнежните години, како реакции може да се јават чешање, црвенило на кожата, па дури и астма и грозница.

Докторите посочуваат дека спречување на атопискиот марш е можно со третирање, т.е. навлажнување на црвенилото на кожата на бебето со лосиони и водење сметка за храната која кај малечкото предизвикува алергии.

Кравјо млеко, јајца, пченица, глутен, соја, риба, школки, сусам и други семиња, како и кикирики и ореви е храната што најчесто предизвикува алергии. Стручните лица велат дека сѐ ова не мора и не е препорачливо целосно да се исклучат овие намирници од исхраната, но да не се консумираат секојдневно, туку, на пр., секои три дена.

Поврзани вести

Мешање во странски избори: Дали Кралицата ќе ѝ ја одземе кралската титула на Меган Маркл? (фото)

Никола Поповски

Поради Полански, жените бесни на Француската филмска академија

Елена Даскалова

Како да си го олесните закрепнувањето од бронхит?

Елена Даскалова

Направете сами средство за дезинфекција на мобилниот телефон

Гвинет Палтроу и нејзината ќерка Епл како близначки

Stefanija Kuzmanovska

Научниците пресметале колку дена ви се потребни да ги оставите зад себе лошите навики