Забава МАГАЗИН

Џастин Бибер издаде нов албум, по петгодишна пауза

Џастин Бибер ноќеска го објави својот прв албум по пет години пауза, а неговите фанови се во апсолутен транс, па хаштагот #ChangesOutNow на Твитер е на врвот на трендовите, а повеќе од 130 илјади луѓе коментирале.

Бибер вели дека овој R&B музички проект настанал низ медитација и промени низ кои минувал во последно време, а повеќето од песните ги посветил на сопругата.

Бибер предходно објави три сингла од албумот, на 3 јануари го објави Yummi, како ода за сопругата. Потоа на крајот на јануари ја објави Get Me, а потоа е објавена и третата, пред седум дена, Intentions.

Бибер е во „полна брзина“ кон враќање на светската слава. Крајот на јануари на својот Јутјуб канал тој го објави документариот серијал Seasons, во кој објави детали од приватниот и деловниот живот, за своето ментално здравје, но откри и колку се бори против зависноста.

Бибер моментално се подготвува и за турнејата Changes, која ќе трае од 14 мај до 26 септември.

Поврзани вести

Џорџина го шиша Роналдо (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Француската академија за филм си поднесе оставка поради Полански

Кристина Денесовска

Мандарините треба да бидат дел од вашата секојдневна исхрана

user2

Како да го спречите враснувањето на влакненцата по депилација?

user2

Изговори за кршење карантин: Морав да ја видам швалерката, мака ми е од жена ми

Плетење како форма на медитација