Забава МАГАЗИН

Џастин Бибер плачел поради Били Ајлиш

Сите фанови на Били Ајлиш знаат дека таа е луда по Џастин Бибер, а сега стана јасно дека и таа нему, во најмала рака, му е драга. Имено, во интервју за Apple’s Music, бибер се расплакал зборувајќи за младата колешка. Како што рекол, сакал да ја заштити, бидејќи и нему му било тешко кога на нејзини години влегол во светот на музичката индустрија.

– Нека работи по свое. Доколку ѝ требам, тука сум за неа – рекол Бибер и потоа се расплакал.

– Сакам да ја заштитам, не сакам да се изгуби. Не сакам да поминува ни истото низ кое поминував и јас, не сакам никој да минува низ тоа – додал Бибер.

Били никогаш не криела дека е голема обожавателка на канадскиот пејач. Неколку пати била уловена како носи маица со неговото име, а неговиот постер се уште е закачен во нејзината соба.

Поврзани вести

Што мисли Холивуд за Карлеуша? (видео)

Никола Поповски

Страшниот „Пинхед“ се враќа на малите екрани

Stefanija Kuzmanovska

Зошто Амстердам не сака странци во кофишоповите?

Влатко Зорба

Кој се ќе глуми од стариот состав во продолжението на популарната Жикина династија (ФОТО)

Хари добил нервен слом, откако Меган го принудила да го отфрли своето семејство?

Stefanija Kuzmanovska

Хајли Бибер на духовит начин одговори на гласините за бременоста